Потпишан Аранжман за соработка во земјоделскиот сектор помеѓу Македонија и Израел
Дата на објава:
14 Мај 2012Министерот за земјоделство Љупчо Димовски и неговата колешка министерката за земјоделство на Државата Израел, Орит Нокид, денес во вечерните часови за време на првиот ден од посетата на министерот Димовски на Израел потпишаа Аранжман за соработка.
Со Аранжманот за соработка во областа на земјоделството помеѓу Република Македонија и Државата Израел се формализира соработката помеѓу двете земји, која во последните години се интензивира и тоа со реализација на проекти и програми за техничка поддршка, пренос на современа израелска технологија, знаење, искуства, како и преку специјализирани обуки и други форми на поддршка од израелска страна.