По осум години МЗШВ изврши авионско снимање на целата територија на Република Македонија
Дата на објава: 
22 Август 2017
Slika_1.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот јуни – средина на август 2017 година, по втор пат после 2009-та година, изврши авионско снимање на целата територија на Република Македонија. Согласно Европските регулативи и препораки авионските снимки се основа за функционирање на Системот за идентификација на земјишни парцели (СИЗП). Со просторната идентификација на земјишни парцели се определуваат границите и големината на обработливата површина за која земјоделците аплицираат за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. На овој начин, ќе се овозможат прецизни контроли од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во однос на површините кои земјоделците ги пријавуваат за субвенции и фактичката состојба на терен.


Во пресрет на откупот на грозјето министерот Николовски одржа состанок со лозарите
Дата на објава: 
21 Август 2017
20882931_2024419094446286_4808665996147800879_n.jpg

Во пресрет на годинешниот откуп на грозје, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска одржа состанок со производители на грозје. На состанокот лозарите ги изнесоа своите барања во однос на годинешните откупни цени на грозјето и ги посочија проблемите со кои се соочуваат .

Барањата на лозарите се годинешната откупна цена на сортата смедеревка да биде 13 денари за килограм, а на сортата  вранец 15 денари за килограм, а со зголемување на шеќерните единици да се зголемува и откупната цена. Поради лошите временски услови односно измрзнувањето на лозјата во некои региони, лозарите побараа намалување на надоместокот за водарина. Воедно дел од барањата на производителите на грозје беа во насока на зајакнување на контролите на инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство на откупните пунктови.


Потпишан договорот за проектот за Реонизација на земјоделското производство
Дата на објава: 
19 Август 2017
DSC_4589.JPG

Министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, го потпиша  Проектот за реонизација (агро-еколошко зонирање) на земјоделското производство според почвено-климатските услови на реоните во Република Македонија. Се работи за проект кој што ќе се спроведува со техничка поддршка на ФАО во износ од 355.000 долари, во времетраење од две години. Реализацијата на проектот ќе започне следниот месец. Во моментов се формира стручниот тим кој ќе биде мултидисциплинарен бидејќи се работи за комплексен проект за кој е потребна експертиза од повеќе области.


Исплатени над 5,7 милиони евра субвенции за земјоделците
Дата на објава: 
18 Август 2017

Со промените кои настанаа во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и назначувањето на новиот в.д. директор м-р Николче Бабовски, Агенцијата со исклучитела заложба продолжува да ги извршува надлежностите утврдени со закон. Денес се исплатија 354.700.000 денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за следните намени: за одржување на земјоделски површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, произведен сертифициран семенски и саден материјал, заклани гоеници, бројлери и амортизирани несилки во кланица, продадени градинарски култури во преработувачки капацитети како и за рурална инфраструктура.

Вкупно за само два месеци се исплатени околу 55,7 милиони евра субвенции за земјоделците.

 

Имајќи ја в предвид заложбата на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството и обезбедување на континуирана поддршка на доходот на земјоделските стопанства, исплатата на субвенциите ќе продолжи следниот период за сите земјоделци кои поднеле барање и ги исполниле пропишаните услови.


Министерот Николовски одржа работен состанок со претставниците на винарските визби
Дата на објава: 
17 Август 2017
20914311_2022602301294632_6482032935749301411_n.jpg

Во пресрет на откупот на грозјето, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со претставници на најголемите винарски визби од земјава. На состанокот беа презентирани состојбите со бербата на грозје и плановите за откуп на винското грозје. Винарските визби ги посочија проблемите со кои се соочуваат, како неликвидност, големи залихи и други проблеми кои се години се напластувале, а не се нашло решение. Сепак од винарските визби посочија дека грозјето од годинешната реколта ќе биде целосно откупено. Министерот Николовски изјави дека годинава не се очекуваат проблеми со откупот.


Syndicate content