Заврши поправката и надградбата на радарскиот систем Ѓуриште
Дата на објава: 
9 Јуни 2018
IMG_1789.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на управата за хидрометереолошки работи Ивица Тодорoвски денеска беа во посета на Ѓуриште,по повод завршувањето на поправката и надградбата на радарскиот систем.

„Климатските промени се едни од најзначајните работи на кои што како Влада и министерство сме насочени, се со цел да креираме адаптивни мерки со кои што ќе помогнеме на граѓаните,на секторот земјоделство,фармерите , и за квалитетно следење на временските услови и превземање соодветни агротехнички мерки. “ – истакна Николовски

По речиси 5 години Министерството за земјоделство, преку програмата за рурален развој, обезбеди 3 милиони денари средства за поправка и надградба на радaрскиот центар Ѓуриште. Благодарение на новиот систем земјоделците ќе можат навремено да се информираат и да се заштитат од потенцијални временски непогоди.
На поправката и надградбата на радарскиот центар Ѓуриште, работеше тим од Русија


Ловечкиот испит од утре се полага со олеснети критериуми
Дата на објава: 
8 Јуни 2018
lov2.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска оствари средба со ловџиите во Струмица, на која ги најави новите критериуми за полагање на ловечкиот испит.

„Со измените на законот за ловство кои што ги направивме, со укинувањето на електронското полагање кое што се одвиваше само во Скопје, од сега ќе се одвива низ целата територија на Република Македонија, а започнува од утре, 9-ти Јуни во Пехчево“ – изјави министерот Љупчо Николовски

Според претходниот закон од 2013 година ловечкиот испит се полагаше електронски и вклучуваше непотребни трошоци. Не беше земено предвид дека голем дел од кандидатите се во поодминати години или немаат познавања за работа со персонален компјутер. Од друга страна, одделно се полагаа првиот и вториот дел на испитот, што им наметнуваше дури до 150 евра повеќе трошоци на кандидатите, а непотребно се плаќаа и услугите за правното лице задолжено да го спроведува испитот.


Уделот на земјоделството во бруто домашниот производ во првиот квартал пораснат за 5,1%
Дата на објава: 
8 Јуни 2018
logo_mzsv.png

Според официјалните податоци на Државниот завод на статистика на Република Македонија забележан е раст од 5,1% во земјоделството за првиот квартал, во споредба со претходната година. Во првиот квартал од 2018 земјоделство шумарство и водостопанство учествуваат со високи 6,6% во бруто домашниот производ, за разлика од истиот период во 2017 година, кога овој процент изнесувал 1,5.
Пресметките за првиот квартал на 2018 година уште еднаш потврдуваат дека политики на МЗШВ се во насока на развој на земјоделството. Оваа Влада е насочена кон реални проекти, кои ќе дадат реални и одржливи позитивни резултати.


Дефинирани областите од земјоделството кои ќе се финансираат со 15 милиони евра од ИПА 2019
Дата на објава: 
7 Јуни 2018
bertolini.jpg

За финансирање на земјоделството во Македонија преку Инструментот за претпристапна помош на Европската унија ИПА 2019 ќе добие 15 милиони евра. Секторската работна група во која што членуваат претставници од МЗШВ, од Делегацијата на ЕУ, од надлежните институции во секторот земјоделство, странски донатори и невладини организации, вчера ги дефинираше приоритетните области кои финансиски ќе се поддржат со овие 15 милиони евра.
За прв пат финансиска поддршка од ИПА 2019 ќе добие секторот шумарство во насока на воспоставување на шумарски информативен систем кој ќе биде важна компонента за одржливо стопанисување со шумите, за креирање на политиките за приближување на македонското шумарство кон современите текови и обезбедување на податоци кои се важни за развојот на овој сектор.


Анѓушев: Владата е насочена кон реални економски проекти за објективни и одржливи позитивни резултати
Дата на објава: 
6 Јуни 2018
DSC_3892.JPG

Потпретседателот на Владата на Р.Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министрите за финансии Драган Тевдовски, за транспорт и врски Горан Сугаревски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги презентираа резултатите од анализите за ефектите од економските политики на Владата на Република Македонија.

Анализите се изготвени врз основа на податоци добиени од државните институции и од стопанските комори што ги користи економскиот тим на Владата при креирање на краткорочни и долгорочни политики.

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека Владата е насочена кон реални економски проекти, кои ќе дадат објективни и одржливи позитивни резултати.


Syndicate content