Почнаа подготовките за новата откупна кампања за тутунот
Дата на објава: 
28 Јули 2010

Почитување на одредбите од Законот за тутун и тутунски производи од страна на производителите и откупувачите, навремено обезбедување пари за откуп од страна на тутунските компании за договорените количини и следење на целокупниот производствен процес на тутунот преку интензивирање на соработката на откупните компании со тутунопроизводителите, со цел новата производствена реколта да биде со повисок квалитет. Ова се дел од заклучоците од денешниот координативен состанок на министерот Љупчо Димовски со претставници на тутунските компании.

Во насока на навремена подготовка за новата откупна кампања, Државниот инспекторат за земјоделство најави засилени контроли на теренот со цел почитување на законските правила во производството и откупот на оваа индустриска култура.


Министерот Димовски се сретна со претставници на меѓународната фондација,,Slow Food,,
Дата на објава: 
26 Јули 2010
100_3670xx.jpg

,,Република Македонија има одличен природен потенцијал за развој на земјоделството, особено на традиционалното производство кое се бара на странските пазари. Предничи традиционалното сточарско производство, чии млечни, традиционално произведени преработки, преку мрежата на ,, Слоу фуд, ,, ќе го трасираат патот за промоција и продажба на европскиот пазар.,, Ова  е заклучокот од денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со Пиеро Сардо, претседател на ,,Слоу Фуд Фондација за Биодиверзитет,, од Италија и претставници на македонската фондација ,,Слоу Фуд Шарпланинска,, членка на  меѓународното здружение ,, Слоу Фуд,,.


Истекува рокот за аплицирање за субвенции за кравјо млеко предадено во млекарниците во период од јануари до април
Дата на објава: 
23 Јули 2010

3а една недела, односно на 31 јули истекува продолжениот рок за поднесување на барање за субвенција од 2,5 денари за литар кравјо млеко за сточарите кои во период од 1 јануари до 31 април го предале млекото во преработувачките капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна  од животинско потекло. Пријавувањето за субвенции за млекото кое е продадено во млекарниците во период од 1 мај до 30 септември, ќе се врши од 5 октомври до 5 ноември.

 

До крајот на август земјоделските производители преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе можат да аплицираат и за финаниска поддршка за извршени агрохемиски и педолошки анализи на почва во 2010 година, како и за надомест за осигурување на примарно земјоделско производство од основни ризици. Со мерката за осигурување, државата субвенционира 60 проценти од полисата за осигурување  на посеви и насади од дефицитарни земјоделски култури, со максимални површини по корисник.

 


Министерот Димовски го посети ЗК „Пелагонија“
Дата на објава: 
23 Јули 2010
ZIK Pelagonija 003.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски го посети Земјоделскиот комбинат „Пелагонија,, во рамки на активностите за следење на откупот на пченицата од годинешната реколта.

 

-Задоволен од текот на жетвата и од досега постигнатите откупни цени. Неодамна донесената мерка на Владата за стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно преку врзување на увозот со откуп на доамшна пченица дава позитивни резултати. Зголемена е откупната цена  за килограм пченица, која во одредени региони достигна и до 10 денари за килограм- изјави министерот Димовски по средбата со менаџерскиот тим на ЗК ,,Пелагонија,,.

 


Министерот Димовски се сретна со украинскиот амбасадор Хончарук
Дата на објава: 
21 Јули 2010
Ukrainski Ambasador 007.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се сретна со амбасадорот на Украина во Република Македонија, неговата екселенција, господин Јурии Хончарук.

 

За стабилизирање на македонскиот пазар со вино и испитување на можноста за извоз на поголеми количини на украинскиот пазар, министерот Димовски и украинскиот амбасадор Хончарук, се договорија со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во октомври да се одржи промоција и дегустација на македоснките вина во Украина.

 

-Укарина е заинтересирана и за увоз на праски, кајсии, јаболка, раноградинарски производи и млечни преработки – рече министерот Димовски, но, додаде тој, мора да направиме напор, место преку посредници, македонските земјоделски производи директно да ги извезуваме на овој голем пазар.

 


Syndicate content