ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНА РАСПРАВА
Дата на објава: 
30 Април 2010

Управата за семе и саден материјал при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изготви Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

За таа цел Ве покануваме на ден 05.05.2010 година- среда во зградата на пораншната Македонија Табак - во салата за состаноци, (приземје) каде ќе биде презентиран горе наведениот Предлог.

Би Ви биле благодарни ако присуствувате на истата и активно се вклучите во расправата.


Измени на Програма за финансиска поддршка во земјоделството
Дата на објава: 
28 Април 2010

Министерот Љупчо Димовски на денешната средба со новинарите ги појасни измените на Програмата за субвенционирање на земјоделството кои беа усвоени на вчерашната седница на Владата. Овие измени се изготвени за потребите за реализација на антикризните мерки кои ги утврди Владата на Република Македонија.

 

Со измените се поедноставуваат процедурите за остварување на правото на користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и тоа во следните насоки: намалување на бројот на потребни документи кои барателите ги доставуваат, а со тоа и намалување на финансиските издатоци на барателите за обезбедување на имотни листови, како и овозможување на меѓусебно компензирање на долговите со субвенциите.

 


ПРОМОВИРАНА ПРВАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗДРУГА ВО СТРУМИЧКО И СТАРТОТ НА ДОГОВОРНОТО ПРОИЗВОДСТВО
Дата на објава: 
28 Април 2010
Tribina i raboten sostanok 001.jpg

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и  водостопанство Перица Иваноски, вчера, во струмичкото село Куклиш ја промовираше првата земјоделска задруга во струмичкиот регион преку која земјоделците организирано  ќе го пласираат своето производство.Годинава,  истакна заменик министерот, заедно со дел од меѓународните организации кои го поддржуваат овој процес, ќе влеземе во една поагресивна кампања за да ги убедиме земјоделците и да им ги презентираме бенефитите од здружувањето и организирањето на земјоделското производство. Тој информира дека во тек е подготовка на прирачник во кој ќе бидат презентирани мерките на Министерството за поддршка и промоција на кооперативите во Република Македонија, за предностите на задругарството, како и за принципите како треба да се организира и функционираат земјоделските здрауги.

 


Демант
Дата на објава: 
27 Април 2010

Добро би било СДСМ во своето време да направеше еден ваков прес за резултатите од својата работа во делот на борбата против бруцелозата, и кај луѓето и кај животните.Во тој случај, нивниот прес ќе изгледаше вака:

 

2002-2006 година – константно зголемување на бројот на заболени луѓе на годишно ниво, или во бројки околу 350-400 луѓе.

 

2002-2006 година – константно зголемување на бројот на заболени животни, или во бројки околу 15.000 животни на годишно ниво. Што е уште пострашно, болните животни не се одземани, туку се оставани на терен и понатаму да ја шират болеста, за што сега ние плаќаме високи трошоци.

 

2002-2006 година – константно зголемување на износот на средства потрошени за сузбивање на оваа болест, односно во просек околу 110.000.000,00 денари годишно.


Состанок на Постојаната работна група за регионален рурален развој на земјите од Југоисточна Европа во Охрид
Дата на објава: 
27 Април 2010

Во септември 2009 година се официјализираше статусот на SWG – Постојаната работна група за регионален рурален развој на министерствата за земјоделство на државите од југо-источна Европа, со седиште во Скопје, чии активности датираат уште од 2005 година. Во изминатиот период предложени се повеќе регионални Проекти од областа на руралниот развој и развојот на земјоделството кои се однесуваат на поддршка на министерствата за земјоделство и останатите актери во секторот.

 


Syndicate content