ПОСТАПКА БР. 26-5147/2/2010
Дата на објава: 
26 Април 2010

ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ

БР. 26-5147/2/2010

Консултантски услуги за потребите на Секторот за внатрешна ревизија при МЗШВ,

во врска со член 42 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола,

а согласно одредбите од Законот за јавни набавки (“Службен весник на Република Македонија“ бр.136/07 и 130/08) и тоа:

Услуги од чл. 17 ст.1 алинеја 1– советодавни услуги за менаџментот и поврзани услуги

(освен услуги за арбитража и посредување) – категорија 11.


НАПОМЕНА: Се известуваат економските оператори кои што ќе подигнат тендерска документација од веб страната на МЗШВ дека по превземањето на истата треба да испратат потврда зa превземањето на следната адреса: goran.dimoski@mzsv.gov.mk .

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Подготовка на слатко од диви смокви во Дојран
Дата на објава: 
25 Април 2010

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  присуствуваше на манифестацијата за промоција и подготвка на  слатко од диви смокви што се одржи во општина Дојран во соработка со Слоу Фуд и мрежата на жени на ФФРМ

 

Манифестацијата  е дел од Проектот на Фондацијата Слоу Фуд за промоција на автохтони сорти на оваа култура од целиот свет.

 

Промоцијата на овој производ карактеристичен за југозападниот дел од државата беше и поводот петнаесетина жени од регионот денеска по стар домашен рецепт да подготват околу 100 килограми слатко.


Словенечки компании заинтересирани да инвестираат во македонскиот рурален развој
Дата на објава: 
23 Април 2010

Словенечки компании од земјоделско прехранбениот сектор се заинтересирани да инвестираат во македонскиот рурален развој. Ова е новината од вчераодржаните билатерални средби меѓу претсатвници на компаниите од агроиндустрискиот сектор на Република Македонија и Репблика Словенија, во рамки на бизнис форумот кој се одржа во Љубљана, Република Словенија. Форумот беше дел од агендата на македонската бизнис делегација која ја предводеше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Со денешната средба на министерот Димовски со претсатвници од саемот во Горна Радгоња, заврши тридневната посета на македонската бизнис делегација, во чии рамки беа одржани голем број средби на македонски и словенечки компании од земјоделско-прехранбениот сектор.

 


Ќе се интензивира соработката во руралниот развој и органското производство меѓу Република Македонија и Република Словенија
Дата на објава: 
22 Април 2010
New Image 1.jpg

Соработката во областа на земјоделството и прехранбената индустрија е значајна во вкупната размена  меѓу Република Словенија и Република Македонија, беше  истакнато на денешниот бизнис форум, по чие завршување во Љубљана, Република Словенија се одржаа и билатерални средби на македонски и словенечки компании. Стопанската комора на Словенија, Земјоделско шумарската комора и  агропрехранбената комора  на Словенија како и Сојузот на стопански комори на Република Македонија,  кои учествуваа на форумот, согласни се дека соработката може да биде уште поголема.


Јавен ОГЛАС бр. 04/10
Дата на објава: 
19 Април 2010

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 04/10

за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост до 10 хектари

 

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата и тоа во следните региони:

Струмица, Гази Баба, Берово, Крива Паланка, Кратово, Кочани, Виница, Чаир и Крушево.

Додаток за превземање: 

Syndicate content