Почна откупот на тутунот од годинашнава реколта
Дата на објава: 
19 Ноември 2009
tutun Prilep.jpg

Нема проблеми околу годинашниот откуп а тутунот, а на барање на производителите, како што информира  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета на еден од откупните пунктови во прилепскиот Тутунски комбинат, годинава порано почна откупната кампања. Родот е квалитетен и за 30 отсто поголем од минатата година. Ова според министерот Димовски верува дека тутунарите ќе постигнат повисока цена од ланската.


Во Охрид 34. Советување за заштита на растенијата
Дата на објава: 
18 Ноември 2009
slika ohrid.jpg

Проблематиката што се однесува на фитосанитарниот систем, биолошки штетните агенси, методите за контрола на популацијата на штетниците, како и имплементацијата на Законот за заштита на растенијата се главните теми на кои ќе расправа на 34-то Советување за заштита на растенијата што неделава се одржува во Охрид.

 

Советувањето го организира Здружението за заштита на растенијата на Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и националната Фитосанитарна управа. На оваа традиционална манифестација учествуваат педесеттина експерти и гости од земјава, но и од научноистражувачки центри од Русија, Србија, Хрватска, Словенија Романија, Бугарија и Албанија.


ИПАРД- програмата презентирана и пред земјоделците од Полошко
Дата на објава: 
17 Ноември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, на земјоделците и преработувачите од Полошкиот регион  им ја претстави ИПАРД програмата. Претставниците од ресорното министерство ги информираа земјоделците дека основни цели на  ИПАРД-програмата, односно на европските предпристапни фондови се подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската унија во земјоделско - прехранбениот сектор, со цел тој да се подготви за пристап кон


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
17 Ноември 2009

Министерсот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре, среда,18.11.2009 година, во 10 часот, во  хотел  Метропол во Охрид, ќе го отвори 34 традиционално советување за заштита на растенијата на Република Македонија.

 

Советувањето го организира Здружението за заштита на растенија на Р.Македонија во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,Факултетот за земјоделски науки и храна и стопанските субјекти од областа на земјоделството.

 

На дводневното советување ќе се оддржат неколку секции од областа на заштитата на растенијата,а воведниот реферат се однесува на биолошката заштита на земјоделските култури од штетници и болести и нејзина перспектива во нашава земја.


Продолжуваат промоциите на ИПАРД програмата на терен
Дата на објава: 
16 Ноември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство утре, 17 ноември,  ќе организира ИПАРД инфо денoви во Тетово и во Кичево.

 

Сите заинтересирани земјоделски производители и преработувачи на храна на оваа трибина ќе имаат можат да се информираат за европските можностите што ги дава ИПАРД Програмата.

 

Трибините ќе се одржат во хотел Лираку во Тетово со почеток во 10 часот, а во Кичево во хотел Унион во 15 часот.

 

Кампањата за промоција на ИПАРД продолжува  на 19 ноември (четврток)  во Ресен.  Презентацијата на ИПАРД програмата во овој град ќе се одржи во просториите на општина Ресен во 10 часот.

 

Во Битола, Телото за управување со ИПАРД ќе ја промовира  програмата во хотел Епинал со почеток во 15 часот.


Syndicate content