Одредени приоритите за чистење на речните корита и одводните канали
Дата на објава: 
12 Јануари 2010
zimako cistenje na kanali izjavi 007.JPG

Координативното тело на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска ги договори активностите за чистење на речните корита и одводните канали во зимско-пролетниот период.

 

Министерството оваа пролет ќе го реализира чистењето во должина од 38.096 метри и тоа во општините Другово, Кавадарци, Тетово, Брвеница, Пласница, Битола, Богданци, Василево, Гевгелија, Кичево, Зајас, Македонска Каменица, Струга, Прилеп, Крива Паланка, Дебарца, Радовиш, Долнени и Ресен, најави на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. За есенскиот дел предвидено е чистење на повеќе од 20 километри од одводните канали и речните корита.


Акцијата за чистење на речните корита и на одводните канали продолжува и годинава
Дата на објава: 
9 Јануари 2010
100_1758.JPG

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при посетата на општина Петровец  изврши обиколка на одводната каналска мрежа.По претходните акции за чистење на приоритетната главна и секундарна каналска мрежа беше констатирано дека проблемите со поплавувањето во најголем дел се решени.Годинава ќе се исчистат околу 50 километри одводна каналска мрежа или речиси 50 отсто повеќе од лани.За оваа намена се обезбедени 40 милиони денари, а приоритетите каде ќе се чисти  ќе ги одредат водостопанствата и локалната самоуправа. Тендерот за најповолен изведувач треба да биде објавен до крајот на овој месец.

 


Соопштение
Дата на објава: 
8 Јануари 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре, сабота, 9.01.2010 година, во 10 часот, ќе ги обиколи одводните канали во општина Петровец и ќе го презентира планот за чистење на речните корита и каналите во 2010 година.

 

Поаѓање во 10 часот од просториите на општина Петровец.


Јавен оглас за меѓународен индивидуален консултант
Дата на објава: 
5 Јануари 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамки на Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ, има потреба од консултантски услуги од меѓународен индивидуален консултант. Консултантските услуги вклучуваат изработка на техничка документација за софтвер и хардвер, подготовка на Проектен план за имплементација на софтвер и хардвер за ИПАРД Платежната агенција и подготовка на работни постапки за потребите на ИПАРД Платежната агенција.


Средба на министерот Љупчо Димовски со новинарите
Дата на објава: 
30 Декември 2009

Со оглед на глобалната економска криза, 2009 година не беше лоша за македонското земјоделство, оцени ресорниот министер Љупчо Димовски на денешната завршна средба со новинарите.

 

- Успешноста на годината не зависеше од нас. Последиците од кризата која се прелеа во реалниот сектор, ги почувствуваме и ние. Пазарите се затворија,  а тоа го намали пласманот на одредени земјоделските производи.Според него, 2009 беше најдобра за тутунарите, а најлоша за лозарите. - Откупната цена на тутунот и негово преземање од страна на преработувачите, треба да биде пример за другите сектори, нагласи Димовски.


Syndicate content