Јавна расправа за Прирачникот за добра земјоделска пракса
Дата на објава: 
15 Април 2010

Експертски тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со техничка и експерстка помош од Проектот за подршка на подготовките за ИПАРД- СИПП, ги изработи Правилникот, кодексот и прирачникот за воведување на Добра земјоделска и хигиенска преакса. На јавната расправа која се одржа неделава, а на која присуствуваа  и претставници од невладиниот сектор,земјоделските здруженија и науката, беше истакнато дека во овие три документи се содржани одредби кои се во согласност со европската легислатива и  националното законодавство кое се однесува на воведувањето на Добрата земјоделска пракса.

 


Јавен ОГЛАС бр. 03/10
Дата на објава: 
13 Април 2010

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделско земјиште (Службен весник на РМ бр. 135/07), по Одлуката бр.22-4831/1 од 09.04.2010 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 03/10

за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост


Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата за регионот Гевгелија со површина од 179ха 51ар 15м2

Додаток за превземање: 

Објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште во Гевгелиско
Дата на објава: 
13 Април 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска распиша јавен оглас за давање под закуп 179 хектари државно земјоделско земјиште во Гевгелиско.

 

Земјиштето се издава за подигање маслинарници на период од 50 години, а максималната површина за кој може да аплицира и да добие еден понудувач е 10 хектари.


ПОСТАПКА БР. 26-4548/2/2010
Дата на објава: 
12 Април 2010

ПОСТАПКА БР. 26-4548/2/2010

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ:

Избор на агенција за привремени вработувања

за потребите на

Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Tрибина за ИПАРД програмата во Штип
Дата на објава: 
8 Април 2010
DSC01331.JPG

Во Штип денеска се одржа трибина за ИПАРД програмата на која присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Целта на трибината, како што рече Димовски, е да се детектираат проблемите и критериумите за ИПАРД апликациите.

- Детерминирани се проблеми во делот на Законот за градење, заштита на животната средина и добивањето соодветни документи предвидени во ИПАРД средствата. Очекувам во соработка со ресорните министерства да ги надминеме, истакна Димовски.

Тој додаде дека Министерството за земјоделство ќе се обиде да ги намали критериумите за ИПАРД апликациите.
Во наредните месеци вакви трибини и средби ќе се одржат во уште неколку градови


Syndicate content