Собранието го донесе новиот Закон за вино
Дата на објава: 
8 Април 2010

Собранието на Република Македонија  го донесе Законот за вино. Заштита на интересите на производителите и потрошувачите, подобрување на квалитетот на виното и подобро функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар на вино, се основните цели на новата законска регулатива за вино.

"


Соопштение
Дата на објава: 
6 Април 2010
Rudine 024.jpg

Радува фактот што во нашава земја постојат и преработувачки капацитетеи и земјоделско производство кои што се извозно ориентирани и ги исполнуваат строгите европските стандардите.Како добар пример е и овој земјоделски капацитет истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при посетата на ,,Рудине ММ,, во Делчево.

 

При посетата на овој млекопреработувачки капацитет министерот Димовски со менаџерскиот тим беше разговарано и за повеќе актуелни теми во млекопроизводството и во овоштарството.

 

На новинарско прашање,зошто има малку апликации за финансиските средства од ИПАРД Програмата од делчевскиот регион,министерот посочи дека иако е завршен првиот оглас,министерството продолжува со информативните трибини и со едукација на теренот со цел да им се помогне на земјоделците кои сакаат да инвестираат во модернизација на сопственото производство.Тие активности ќе бидат интензивирани во регионите каде што по првиот оглас одзивот беше послаб


Квалитет на земјоделски производи
Дата на објава: 
1 Април 2010

Прилагодување кон стандарите  на Европската Унија во поглед на квалитетот на земјоделските производи и регулирање на пазарот со нив, Ова се основите на предлогот на Закон за квалитет на земјоделски производи, за кој денеска во Министреството за земјоделство, шумарство и водостропанство се одржа јавна расправа со претставници на невладиниот сектот-земјоделски здруженија и со научни установи .


Петта акција ,,Ден на дрвото,,
Дата на објава: 
30 Март 2010
Den na drvoto.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски активно се вклучи во граѓанската иницијатива  ,,Ден на дрвото-засади ја својата иднина,, реализира под слоганот „Растеме заедно“.

 

По тој повод министерот Димовски на локалитетот филтерница во Кратово заедно со градоначалникот Мите Андоновски се придружија на илјадниците граѓани кои масовно излегоа да засадат 40 000 садници предвидени за тој реон.


ПОСТАПКА БР. 26-3939/2/2010
Дата на објава: 
29 Март 2010

ПОСТАПКА БР. 26-3939/2/2010

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ:

"Замена на хидромеханичка опрема на главните цевководи во ХМС Прилепско поле
за потребите на управата за водостопанство при
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство"

Додаток за превземање: 

Syndicate content