Соопштение
Дата на објава: 
21 Февруари 2010

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска беше во општина Новаци и заедно со градоначалникот Лазар Котевски во обиколка на поплавените земјоделски површини.

 

На самото место е констатирано дека водите од Црна река се во опаѓање,подземните води се повлекуваат,а поради северниот ветер кој оневозможува брзо топење на снегот не се очекува нагло зголемување на водостојот на реките.Помалите реки од овој регион исто така немаа зголемување на водостојот.

 

Состојбата и натаму се следи и доколку има потреба ќе бидат вклучени и екипи на регионалниот центар за справување со кризи кој со пумпи и механизација ќе интервенираат на терен.Механизацијата која ја поседува водостопанското претпријатие исто така ќе биде вклучено по потреба.За овој регион обезбедени се и вреќи со посекок што треба да помогнат во спречувањето на излевање на водите


Перспективи на задругарството во Република Македонија
Дата на објава: 
19 Февруари 2010
Zamenik i zadrugarite sostanok 17.02.10 003.jpg

,,Перспективи на задругарството во Македонија,, беше тема на состанокот кој заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски  го одржа со претставници на земјоделските здруженија и земјоделските задруги од земјава. Како што истакна заменик министерот, од особено значење е здружувањето на земјоделските производители во различни облици на здружување заради поорганизиран настап на пазарот и единствен успешен модел за надминување на проблемите во производството, но, пред се во пласманот на земјоделските производи, на домашниот и на странските пазар, најмногу за овошјето, зеленчукот и млекото.


Приоритетно ќе биде чистењето на коритото на Црна река
Дата на објава: 
17 Февруари 2010
Pres minister poplavi 17.02.2010 011.jpg

Зголемување на нивото на водотеците и на подземните води, нивно составување и заезерување на земјоделските површини во последните два дена предизвикаа повисоките температури, топењето на снегот и интензивните врнежи дожд, посочи на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 


Заменик министерот Иваноски во обиколка на поплавените површни во општина Босолово
Дата на објава: 
16 Февруари 2010
Poplavi- Zamenik 005.jpg

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, во придружба на градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев, денеска ги обиколи поплавените површини во оваа општина. Тој најави дека речните корита и одводните канали во струмичко, кои од страна на  локалната самоуправа беа потенцирани kako главна причина за поплавување на земјоделските површини по обилните врнежи од дожд и снег, кон крајот на април или во почетокот на мај ќе почнат да се чистат. Според заменик министрот Иваноски, сега претстои објавување на тендер за избор на компанија која ќе ја реализира активноста  за чистење на речните корита и одводните канали.

 


Годинава за поддршка на руралниот развој 10 милиони евра
Дата на објава: 
16 Февруари 2010

За инвестиции во руралниот развој, годинава со Програмата за финансика поддршка на рурален развој  ќе се одвојат 579 милиони денари или околу 10 милиони евра, што е за 3 милиони евра повеќе од минатата година.Огласот за распределба на средствата од оваа програма ќе биде објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на крајот на овој месец. Средствата, се исплаќаат по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции или:


Syndicate content