,,Искористување на предпристапните фондови за рурален развој" - ИПАРД
Дата на објава: 
18 Декември 2009
fak 1 namalena za na strana.jpg

Со правилно искористување и ефикасна реализација на ИПАРД средствата, состојбата во земјоделството може значително да се подобри, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во денешното обраќање на средбата „Факултет - стопанство“ на тема ,,Искористување на предпристапните фондови за рурален развој,предизвици и можности за развој на македонскиот-прехранбен сектор.

 


Соопштение
Дата на објава: 
17 Декември 2009

Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре 18.12.2009 година, ќе има обраќање  на традиционалната 34-та ,,Средба Факултет-Стопанство,, на Факултетот за земјоделски науки и храна.

 

Тема на средбата е ,,Искористување на предпристапните фондови за рурален развој – ИПАРД,предизвици и можности за развој на македонскиот земјоделско-прехранбен сектор,,

 

Средбата ќе се оддржи на Факултетот за земјоделски науки и храна –Скопје со почеток во 11 часот.


Оддржан национален семинар за македонско-холандскиот проект-ЕМЕРАЛД
Дата на објава: 
16 Декември 2009
emerald.jpg

Во септември 2008 година  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Холандската владина агенција за управување со земјиште и вода  во соработка со СНВ Македонија започна со проектот ЕМЕРАЛД.

 

Целта на  овој проект е подобрување и  поттикнување  на  натамошниот развој на руралните области, и  превземање на  чекори кон исполнување на  стандардите на ЕУ  за учество и соработка преку Националната програма за рурален развој.


Соопштение
Дата на објава: 
10 Декември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски утре, (петок  11.12.2009 година) во 10 часот, во Хотел Карпош , ќе учествува на тркалезната маса на тема:,,Креирање на Национален маркетинг план за извоз на македонско вино ,,.

 

Тркалезната маса е во организација АгБиз Програмата на Американската Агенција за Меѓународен Развој ( УСАИД) и Холандската владина агенција ЦБИ (Центар за промоција на увозот од земјите во развој).

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.


Агросоветот задоволен од распределбата на субвенциите за идната година
Дата на објава: 
10 Декември 2009

За 2010 година се планирани околу 100 милиони евра финансиски средства за поддршка во земјоделството што претставува зголемување за околу 46 отсто во однос на 2009 година кога субвенциите изнесуваа 70 милиони евра.Од вкупните средства за директни плаќања се обезбедени околу 90 милиони евра, додека за мерките за рурален развој 10 милиони евра.


Syndicate content