Тутунарите задоволни од откупот
Дата на објава: 
22 Јануари 2010
Sostanok so tutunarite 007.jpg

Откупот на тутунот привршува, досега преземените 22.000 тони го натфрлија очекуваното, квалитетот е одличен, а производителите се генерално задоволни од проценката, од просечната цена што достигна 192 денара и од владината поддршка - 60 денари за предаден килограм.


Заврши проектот за развој на пчеларството ТИКА
Дата на објава: 
21 Јануари 2010
100_1849.jpg

Производство на висококвалитетен мед, млеч, прополис и полен, формирање нови одгледувалишта на пчели и модернизација на постоечките, се дел од резултатите на проектот „Развој на пчеларството во источна Македонија“ што изминатите три години го реализираше Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Турската Администрација за Соработка и Развој (ТИКА).

 


Производителите и преработувачите ќе ги зајакнуваат договорните односи
Дата на објава: 
21 Јануари 2010
rabotilnica za razmena.jpg

Се зголемува интересот на европскиот пазар за македонските конзервирани производи, но домашните преаботувачи не можат да одговорат на предизвикот. Не произведуваат доволно поради немање суровина, а проблемот, велат, е во непостоењето договорни односи со земјоделците.

Ова беше клучна тема и на денешната работилница „Подобрување на хоризонталните врски помеѓу преработувачите и производителите и политиката на МЗШВ за унапредување на меѓусебната соработка“ што ја организираа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агбиз програмата на УСАИД.


Средба на државниот секретар Јашари со бугарскиот заменик министер за земјоделство Димитров
Дата на објава: 
15 Јануари 2010
Jasari - dimitrov 1.jpg

 

Во рамки на саемската манифестација ,,Зелена недела,,, која од денеска до 24 овој месец се одржува во Берлин Германија, државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари, оствари билатерална средба со Цветан Димитров,  заменик министер за земјоделство на Република Бугарија.

 


Oтворен саемот ״ Зелена недела во Берлин ״
Дата на објава: 
15 Јануари 2010
STAND 3 SO BESIR I AMBASADOROT.jpg

Од денеска, до 24 јануари, во Берлин Германија ќе се одржи 75 меѓународен саем за земјоделство ,,Зелена недела,,. Македонската делагација предводена од државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари,  со компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор, на учеснците и посетителите на оваа реномирана саемска манифестација ќе им ги претстават потенцијалите на Република Македонија од областа на акросекторот.


Syndicate content