Соопштение
Дата на објава: 
10 Декември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски утре, (петок  11.12.2009 година) во 10 часот, во Хотел Карпош , ќе учествува на тркалезната маса на тема:,,Креирање на Национален маркетинг план за извоз на македонско вино ,,.

 

Тркалезната маса е во организација АгБиз Програмата на Американската Агенција за Меѓународен Развој ( УСАИД) и Холандската владина агенција ЦБИ (Центар за промоција на увозот од земјите во развој).

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.


Агросоветот задоволен од распределбата на субвенциите за идната година
Дата на објава: 
10 Декември 2009

За 2010 година се планирани околу 100 милиони евра финансиски средства за поддршка во земјоделството што претставува зголемување за околу 46 отсто во однос на 2009 година кога субвенциите изнесуваа 70 милиони евра.Од вкупните средства за директни плаќања се обезбедени околу 90 милиони евра, додека за мерките за рурален развој 10 милиони евра.


Соопштение
Дата на објава: 
9 Декември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, утре, четврток, 10,12. 2009 година ќе одржи ИПАРД инфо ден во општините Крушево, Сарај и Илинден.

 

Претставувањето на условите и можностите за користење на европските предпристапни фондови, во Крушево ќе се одржи во салата на Пензионерскиот дом со почеток во 11 часот. ИПАРД програмата во Сарај Телото ќе ја презентира во салата на општината во 10 часот, а  во Илинден во 17 часот во општинската зграда.

 

ИПАРД инфо деновите продолжуваат во петок на 11.12.2009 година во Конче и Босилево.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.


Соопштение
Дата на објава: 
9 Декември 2009

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, утре, 10.12.2009 година, во 13.30 часот,  ќе се  одржи состанок на Агросоветот. Тема е предлог програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година.

 

На состанокот на Агросоветот кој ќе го води министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ќе учествуваат претставници на земјоделските здруженија, науката и стопанските комори.


ЗАВРШИ КАМПАЊАТА “ЗДРАВА ХРАНА И ТОЧКА!”
Дата на објава: 
7 Декември 2009

Со пригодна манифестација се означи крајот на НАССР информативната и едукативна кампања Здрава храна и точка!”, во организација на Управата за ветеринарство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство наменета за сите оператори со храна од животинско потекло, особено за оние кои сеуште немаат имплементирано НАССР систем во своите компании или се во процес на имплементација.


Syndicate content