СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
17 Ноември 2009

Министерсот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре, среда,18.11.2009 година, во 10 часот, во  хотел  Метропол во Охрид, ќе го отвори 34 традиционално советување за заштита на растенијата на Република Македонија.

 

Советувањето го организира Здружението за заштита на растенија на Р.Македонија во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,Факултетот за земјоделски науки и храна и стопанските субјекти од областа на земјоделството.

 

На дводневното советување ќе се оддржат неколку секции од областа на заштитата на растенијата,а воведниот реферат се однесува на биолошката заштита на земјоделските култури од штетници и болести и нејзина перспектива во нашава земја.


Продолжуваат промоциите на ИПАРД програмата на терен
Дата на објава: 
16 Ноември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство утре, 17 ноември,  ќе организира ИПАРД инфо денoви во Тетово и во Кичево.

 

Сите заинтересирани земјоделски производители и преработувачи на храна на оваа трибина ќе имаат можат да се информираат за европските можностите што ги дава ИПАРД Програмата.

 

Трибините ќе се одржат во хотел Лираку во Тетово со почеток во 10 часот, а во Кичево во хотел Унион во 15 часот.

 

Кампањата за промоција на ИПАРД продолжува  на 19 ноември (четврток)  во Ресен.  Презентацијата на ИПАРД програмата во овој град ќе се одржи во просториите на општина Ресен во 10 часот.

 

Во Битола, Телото за управување со ИПАРД ќе ја промовира  програмата во хотел Епинал со почеток во 15 часот.


Tрибина за безбедноста на храната
Дата на објава: 
12 Ноември 2009

Доследно да се применува ХАЦЦП системот од страна на операторите за производство на храна, како и да се размислува за воведување интегриран систем за безбедност на храната. Ова беше зедничка констатација на учесниците  на трибината за подобрување на безбедноста на храната што се одржа на Скопскиот саем во рамки на 59. Меѓународен саем на храна, пијалоци и стока за широка потрошувачка „Агрофуд 2009“.


БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ
Дата на објава: 
12 Ноември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во рамки на  Агрофуд 2009, оствари билатерални средби со хрватскиот министер за земјоделство Петар Чобанковиќ и словенечкиот државен секретар во Министерството за земјоделство и храна Соња Буковец.


Министерот Димовски ќе се сретне со претставници на Групацијата за свињарство
Дата на објава: 
12 Ноември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски,  во четврток, 19 ноември, во 10 часот и 30 минути, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одржи работен состанок со претставници на Групацијата на производители на свинско месо при Стопанската комора на Македонија.

 

На состанокот  инициран од Групацијата ќе се разговара за актуелните состојби во оваа сточарска гранка, особено за активностите и насоките на Ветеринарната управа на Македонија  за  борба против свинската чума.


Syndicate content