Прва средба на министерот Николовски со претставници на германската кредитна банка- КfW
Дата на објава: 
22 Јуни 2017
KfW.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари прва средба со делегација од регионалната канцеларија на германската кредитна банка за инвестиции (КfW), предводена од директорката Естер Гравенкотер.

На средбата директорката Гравенкотер информираше за активностите на банката во Р. Македонија со посебен акцент на Проектот Јужновардарска долина-втора фаза.

За подобрување, забрзување и за реализација на Програмата, беа договорени неколку чекори, почнувајќи од побрз пренос на инфраструктурата, односно на системите за наводнување од АД Водостопанство на Р.М на новоформираните земоделски задруги. Беше договорено и интензивирање на градежните активности на системите за наводнување во валандовскиот регион со цел побрзо ставање на сиситемите за наводнување за редовно обезбедување на квалитетна вода за наводнување и намалување на влијанието на климатските промени.


Средба на министерот Николовски со претставници од Делегацијата на Европската унија
Дата на објава: 
22 Јуни 2017
EU Delegacija.jpg

Министерот Љупчо Николовски на денешната средба со претставниците од Делегацијата од Европската унија предводена од раководителот на секцијата за соработка, Никола Бертолини беше запознат со статусот на тековните проекти од ИПА кои се во тендерска постапка и кои наскоро треба да започнат.

Петставниците од Делегацијата ги потенцираа прашањата на кои треба да се поствети поголемо внимание за нивна поуспешна и целосна инплементација во интерес на земјоделците.

Посебен акцент се стави на ИПА 2015 односно на проектите за консолидација, за земјоделските задруги и за поддршката во секторот за водостопанство кои во пакет ќе придонесат за подобрување на состојбите во аграрот.

Делегацијата го истакна и значењето од успешно одржување и реализирање на интегрираниот административен и контролен систем кој обезбедува релевантни податоци за исплата на финансиските средства кон земјоделците.


Министерот Николовски ги посети земјоделците од Росоман
Дата на објава: 
21 Јуни 2017
rosoman.jpg

Не смееме да се служиме со лажни информации и манипулации, тука сме да ги решаваме проблемите на земјоделците. Овие неколку дена правиме вончовечки напори за да ги откочиме сите блокирани процеси, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по средбата со овоштарите во Росоман.

Николовски ја повтори одлуката за дополнителните шест денари субвенции со која ќе им се помогне на овоштарите и рече дека сериозно се размислува за сите други нивни барања. Воедно демантира дека има увоз на праски. Тоа, според него, е, како што рече, бескруполозна лага пласирана од одредени поединци.


Дополнителна субвенција од 6 денари по килограм продадена праска
Дата на објава: 
20 Јуни 2017
izjava.JPG

По разговорите со неколку преработувачки капацитети за овошје и зеленчук и со цел да им се излезе о пресрет на овоштарите кои неможат да го продадат родот на праските по пристојни цени, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство презеде соодветна финансиска мерка, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Овоштарите кои имаат засадени површини со праски и кои родот го продале во преработувачки капацитети за овошје во земјата или во странство по откупна цена не повисока од 5 денари по килограм, директно или преку еден регистриран откупувач, во период од 12 јуни 2017 година  до 30 јуни 2017 година, имаат право на субвенција во висина од 6 денари по килограм.“


Средба на министерот Николовски со синдикатот на УПОЗ
Дата на објава: 
20 Јуни 2017
foto (2).jpg

Да се почне постапката за дефинирање и потпишување  на Колективниот договор за вработените во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), договорија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Пеце Грујовски претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), кој минатата година беше доставен од Синдикатот на УПОЗ до МЗШВ.

На средбата беше договорено во најбрз рок да се формира работна група во која ќе учествуваат претставници од МЗШВ и Синдикатот на УПОЗ, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии за да се разгледаат барањето на шумските полицајци.


Syndicate content