Денеска се исплаќаат 235 милиони денари субвенции за тутунот од реколтата 2017
Дата на објава: 
23 Мај 2018
logo mzsv 1.png

Денеска ќе се исплатат 235 милиони денари или близу 3,9 милиони евра субвенции за тутунот од реколтата 2017, на 3.828 тутунопроизводители.
Оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот, и се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела.
Минатата недела се исплатија 22 милиони евра или околу 80 отсто од вкупната сума за исплата на субвенции за тутунот, на 20.880 тутунари. Сумирано со денешната исплата, досега се исплатени близу 26 милиони евра за субвенции за тутунот од реколтата 2017 за 24.708 тутунари.


Утре исплата на 14 милиони денари субвенции за овошје, градинарски култури и дополнителни субвенции за праски и лубеници
Дата на објава: 
22 Мај 2018
logo_mzsv.png

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе изврши исплата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници.
Од оваа сума околу 2,5 милиони денари се за субвенции за произведено и продадено овошје во преработувачки капацитети кои ќе се исплатат на 147 лица, а близу 1,2 милиони денари за интервентната мерка за праски за 56 лица. Околу 9,3 милиони денари се за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети за 278 лица и над 1,1 милиони денари за интервентната мерка за лубеници за 26 лица.


Нов систем за наводнување во валандовско, објавен јавниот повик за изведувач за Програмата Јужновардарска долина втора фаза
Дата на објава: 
21 Мај 2018
33030775_10215591874663577_8837423522562179072_n.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за изведувач за проектот за наводнување на Јужната долина на Вардар, втора фаза. Проектот предвидува изградба на водостопанска структура за пренасочување на реката Вардар, рехабилитација на водозафатот и целосно автоматизирана пумпна станица. Ќе се гради главен гравитационен цевковод со 4 препумпни станици и ќе се модернизира мрежата за наводнување.
Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги повика сите квалификувани понудувачи да достават понуди за изведба на работите на системот за наводнување Валандово, кој е опфатен со проектот. Јавниот повик трае до 4 јули годинава.


ФАО ќе и помага на Македонија при отпочнување на преговорите со ЕУ и отворањето на поглавјата од областа на земјоделството
Дата на објава: 
20 Мај 2018
33036178_10215579358070670_4253980320015056896_n (1).jpg

Во рамки на меѓународната министерска конференција за „Значењето на пчелите и другите опрашувачи за одржливо земјоделство и безбедност на храна“, што се одржува во Брдо при Крањ, Република Словенија, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работна средба со генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации - ФАО , Хозе Грацијано да Силва.
На средбата се дискутираше за работата на техничките групи на МЗШВ и подготовката на програмската рамка на ФАО за Република Македонија за периодот 2018-2020 која ќе се потпише за време на 10-тата регионална конференција LANDNAT која ќе се одржи во Скопје од 19-21 Јуни. Со ова се идентификувани областите за кои ФАО ќе обезбеди техничка и финансиска помош за Република Македонија.
Министерот Николовски на средбата потенцираше дека после 10 години, МЗШВ ќе назначи свој постојан претставник во мисијата на ФАО во Рим.


Заев, Анѓушев и Бабовски во увид на капацитетот во изградба кој повлече најмногу средства преку ИПАРД II програмата
Дата на објава: 
19 Мај 2018
20180518_231152.jpg

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, советничката за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ленче Николовска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски во рамки на вчерашната посета на Струга одржаа работен состанок со претставници на компанијата „Подгорка“.
Сопственикот на инвестицијата Мевмед Џемајловски на работниот состанок ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна 5.5 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата.


Syndicate content