Николовски: Земјоделците од Порој да ги пријават штетите од невремето
Дата на објава: 
7 Јуни 2017
DSC_7643.JPG

Земјоделците и земјоделските стопанства  од тетовското село Порој  чии ниви беа погодени од завчерашното невреме што поскоро да достават барања за отштета. За општинските власти пак да се обезбеди потребната механизација за расчистување на затрупаниот регионален пат Тетово-Јажинце кај Порој каде сообраќајот е во прекин три дена поради големите наноси од кал, земја и камења. Интензивно ќе продолжи да се работи и на изградба на привремен премин преку реката  откако од двата моста низ Порој едниот беше целосно уништен, а другиот е оштетен.

 

Ова го истакнаа при денешниот увид на состојбата на терен министрите за земјоделството, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Горан Сугарески, за економија Крешник Бектеши и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Рамиз Мерко придружувани од градоначалничката на општина Тетово.

 


Николовски: Ќе работам чесно, транспарентно и одговорно
Дата на објава: 
1 Јуни 2017
P6010001.JPG

Ќе работам чесно, искрено и одговорно, со апсорбирање на сите професионални, стручни капацитети, без разлика на нивната партиска или друга определба, изјави денеска Љупчо Николовски откако и официјално ја презеде функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Треба, рече, со сите сили да се насочиме кон креирање издржливи политики во земјоделството кое е исклучително значаен сегмент од македонската економија.

 

Николовски најави дека ќе бидат поддржани сите проекти што се во интерес на земјоделците, а за тоа, нагласи, ќе му биде потребна помош од вкупните расположливи потенцијали, човечки и технички.

 


Барање за издавање на Дозвола за акумулирање и користење на водите од Оризарска река
Дата на објава: 
25 Мај 2017

 

Министерството за животна средина и просторно планирање  на Република Македонија:

 

ОБЈАВУВА


Барање за издавање на Дозвола за акумулирање и користење на водите од Оризарска река за водоснабдување на население, индустрија, наводнување на земјоделско земјиште и за хидроенергетски потреби, со изградба на брана „Речани" и пропратни објекти, во општина Кочани.

Согласно член 30 став (1) од Законот за водите (Сл. Весник на Р. Македонија бр. 87/08, 06/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 146/15 и 52/16), до Министерството за животна средина и просторно планирање доставено е барање за издавање на Дозвола за акумулирање и користење на водите од Оризарска река за водоснабдување на население, индустрија, наводнување на земјоделско земјиште и за хидроенергетски потреби, со изградба на брана "Речани" и пропратни објекти, во општина Кочани.

 

Подносител на барањето:


Нов проект за окрупнување на земјоделското земјиште
Дата на објава: 
8 Мај 2017
133686401.jpg

Четири нови групирања на најмалку 1.000 хектари земјоделско земјште со цел нивно окрупнување, се очекува да бидат реализирани во наредните 3,5 години со проектот „Воведување национална програма за консолидација“.

 

Проектот официјално почна денеска. Финансиран е од ЕУ со 2,5 милиони евра, а го реализира ФАО. Предвидува јакнење на техничките и административните капацитети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), но, сепак, клучните ефекти, како што беше речено на промотвината прес-конференција, се директно насочени кон производителите, сопственици на парцелите.

 


Стартуваше проектот на ДФЛ „Со знаење полесно до практична работа и работно место“
Дата на објава: 
28 Април 2017
DFL.jpg

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) на 28 април го започна циклусот на соработка со средните училишта, област хемија и биохемија, насловен „Со знаење полесно до практична работа и работно место“.

Во рамките на овој проект, први ДФЛ ја посетија учениците од скопската гимназија „Ѓорѓи Димитров“. Тие, на почетокот кусо се запознаа со работата на лабораторијата и нејзината мисија да се грижи за пласман на безбедни земјоделски производи и нивни преработки. Потоа, следуваше запознавањето со лабораториите, поединечно за секоја област на работа, нивната поставеност, персонал, како и начинот на функционирање.


Syndicate content