Министерот Николовски и DGAgri согласни- итно зајакнување на капацитетите на Платежната
Дата на објава: 
12 Декември 2017
25151978_2075243429363852_4479782424252007537_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со првите луѓе на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ (DGAgri). На средбата од страна на DGAgri присуствуваа Лиам Бреслин, Ана Новак и Зиго Рутковски, како и директорот на македонската Платежна агенција, Николче Бабовски. Од (DGAgri) упатија јасна порака - итно зајакнување на капацитетите на Платежната агенција за ефикасна искористеност на постојните и акредитација на нови мерки од ИПАРД Програмата. Министерот Николовски посочи дека дека зајакнувањето на капацитетите на ИПАРД управувачкото тело и на Платежната агенција, се високо на агендата на Владата и очекува во иднина да дојде до фазно доекипирање на овие две тела, а подеднакво посветено се работи и на акредитирање на нов мерки од ИПАРД Програмата.


Прва посета на македонска висока делегација на Грузија, предводена од министерот Николовски
Дата на објава: 
12 Декември 2017
24993120_2074829659405229_4364304169886897363_n.jpg

Унапредување на трговската размена, соработка и размена на искуства од областа на земјоделството, модели за справување со елементарни временски непогоди, ова се дел од темите кои беа предмет на разговор при официјалната посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на Република Грузија.

Во рамки на посетата Тбилиси, Р. Грузија, министерот Николовски оствари средба со грузискиот министер за земјоделство Леван Давиташвили, на која двајцата министри ги презентираа актуелните состојби во земјоделството. Министерот Николовски го запозна министерот Давиташвили, со политиките на македонската Влада за развој на агро- сектор и проблемите со кои се соочува Македонија во овој сектор.

Од друга страна, министерот Давиташвили, ги образложи искуствата на Грузија за унапредување на земјоделството и можностите за поголема соработка со Македонија, на полето на увоз/извоз на земјоделско-прехрамбени производи.


Повик од МЗШВ за пријавување на социјални и економски партнери
Дата на објава: 
12 Декември 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделските здруженија и земјоделските задруги, како и Стопанските комори да се пријават за социјални и економски партнери на МЗШВ.

 

Условите кои треба да ги исполнат заинтересираните, се наоѓаат во Правилникот за начинот за упис и бришење од евиденцијата на социјални и економски партнери и потребната документација (во додаток за превземање).

 

Поради потребата потсекторските групи да почнат со работа во 2018-та година, пријавите треба да се достават до крајот на овој месец. Потоа, МЗШВ, до оние кои ги исполнуваат условите, ќе испрати покана за номинирање претставник (член) во потсекторските групи.

 

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Платежните агенции на Македонија и на Хрватска потпишаа нов меморандум за соработка
Дата на објава: 
7 Декември 2017
24946269_10155103724208202_189850621_o.jpg

Денеска во Загреб, Република Хрватска во рамки на официјалната посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорите на Платежните агенции на Македонија и на Хрватска, Николче Бабовски и Матилда Чопиќ потпишаа нов меморандум за соработка. Овој меморандум е важен за Македонија, бидејќи на овој начин двете страни се обврзуваат да соработуваат на техничко и експертско ниво преку размена на искуства во делот на моделот на искористување на финансиските средства од европската ИПАРД Програма, моделот на директната финансиска поддршка како и организацискиот модел на искористување на европските фондови во делот на земјоделството, руралниот развој и рибарството.Хрватска како земја важи е позитивен пример за ефикасно искористување на европските фондови.


МЗШВ ја објави листата со Јавно достапни информации
Дата на објава: 
6 Декември 2017

Согласно заклучокот на 34-тата седница на Владата на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја комплетираше листата со информации од јавен карактер со кои располага институцијата и истата ја објави на својата веб-страница (www.mzsv.gov.mk).

Речиси сите материјали се сместени во „Јавно достапни информации“ (http://www.mzsv.gov.mk/docs/ ), каде што може да се најдат: Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020“, Националниот План за органско производство 2013-2020, Буџетот на МЗШВ и Усвоени извештаи за реализација на Буџетот, Ревизорски извештаи, Планови за Јавни набавки, Правилник за систематизација на работните места, Консолидирани текстови на закони и подзаконски акти, Правилници, Обрасци, Барања, Тарифници, Листи со лица задолжени за информации од јавен карактер, Регистри...


Syndicate content