МЗШВ ги плати неизмирените обврски кон сопствениците на приватни шуми за 2016 година
Дата на објава: 
13 Октомври 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги исплати неизмирените обврски од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2016 година кон сопствениците на приватни шуми. Овие неизмирени обврски МЗШВ ги исплати од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2017 година, во износ од  21 илјади евра, за пошумување на сопственото земјиште со вкупна површина од 21,54 хекатри, на 16 лица. Со Програмата за 2016 година беа обезбедени околу 25 илјади евра за пошумување на 25 хектари земјиште во приватна сопственост, за што конкурираа 17 лица, но само едно лице не ја реализираше мерката.

 

Исто така со Програмата за 2017 година се предвидува мерка за пошумување на земјиште во приватна сопственост на вкупна површина од 20,13 хектари, за што се обезбедени средства од Буџетот на РМ во вкупне износ од близу  20 илјади евра или речиси 1.000 евра по хектар.


Со поддршка од ФАО ќе се зајакнуваат малите сопственици и семејните фарми
Дата на објава: 
12 Октомври 2017
DSC_5472.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска ја отвори работилницата за “Студијата за малите стопанственици и семејните земјоделски стопанства во Република Македонија“, во рамки на проектот “Поддршка во спроведувањето на регионалната иницијатива за зајакнување на малите сопственици и семејните фарми”, финансиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Проектот се  спроведуваше истовремено во неколку земји од регионот. Основната цел на овој проект е да се создаде една платформа од сеопфатно знаење за потребите, предизвиците и препреките со кои се соочуваат малите сопственици и семејни фарми, која ќе помогне во идните политики и мерки кои ќе бидат од корист на оваа категорија земјоделци.


Николовски: Ќе се олесни процедурата за полагање на ловечки испит
Дата на објава: 
11 Октомври 2017
22450461_10156197076160628_2018367181_o.jpg

Во процедура е измената на Законот за ловство, со што ќе се поедностави  постапката за полагање на ловечки испит, истакна министерот за земјоделство,шумарство водостопанство Љупчо Николовски, на денешната средба ловџиите од Пехчевскиот регион.

„Досега се полгаше електронски и целиот процес беше комплициран и со низа дополнителни трошоци за кандидатите. Сега , со измените ќе се врати претходната форма на полагање, односно ќе се укине електронското полагање.Исто така, со измените нема да има временско ограничување за полагање на испитот, туку тој може да се полага во текот на целата година. Ова е едно ветување од програмата на Владата“, изјави министерот Николовски.

 

Министерот посочи дека е затекната состојба на изминат договор со испитниот центар, без сппроведена нова јавна набавака,  со што процесот за полагање на испит беше закочен. Измена на законот се очекува да се усвојат следниот месец, и првото полагање да биде најрано во декември годинава.

 


Словенија понуди експертска помош за поголема искористеност на парите од ИПАРД Програмата
Дата на објава: 
10 Октомври 2017
22425969_10156193871395628_540719176_o.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска оствари средба со директорот на Агенцијата за земјоделска трговија  и рурален развој на Република Словенија, Бенедикт Јеранко. На средбата присутвуваа и амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец и директорот на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николчо Бабовски.

Директорот на словенечката агенција Јеранко, изрази подготвеност за техничка и експертска помош како и пренос на искуствува во областа на директните плаќања за земјоделство, јакнење на капацитетитена Платежната агенција и процесот на акредитација на мерките од ИПАРД Програмата.

 

Македонската Платежна агенција е подготвена за соработка со словенечката агенција и за искористување на искуствата како во делот на директните плаќања, така и во процесот на поголема искористеност на парите од европските фондови.


Николовски: Искористувањето на средствата од ИПАРД програмата е највисок приоритет на Владата на Република Македонија
IMG_7656.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на конференцијата за официјалното завршување на твининг проектот "Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и подготовка на Агенцијата за програмскиот период 2014-2020“, проект кој што е финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија.

На конференцијата беа презентирани резултатите од твининг проектот и понатамошните чекори.


Syndicate content