Исплатени 104,7 милиони денари за дополнителната субвенција за грозје
Дата на објава: 
24 Април 2018
logo mzsv 1.png

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 104,7 милиони денари субвенции за грозје. Конкретно, исплатата е за дополнителната субвенција од два денари за килограм грозје предадено во домашни винарски визби. Мерката беше донесена лани со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017, со цел да им се помогне на лозарите, поради лошите временски услови кои негативно влијаеја врз родот.
Дополнително, со цел навремено извршување на сите агротехнички мерки, пред почетокот на годинешната производствена сезона, на лозарите им се исплатија субвенциите за одржување на лозовите насади или вкупно над 608 милиони денари.
Исплатата на субвенциите за преостанатите мерки за 2017 се одвива континуирано со цел да се запази законскиот рок за комплетно расчистување на 2017 година, односно 30-ти јуни.


Обезбедени 15 милиони евра преку ИПА 2019 за финансирање во секторот земјоделство
Дата на објава: 
23 Април 2018
swg4.jpg

Денеска во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се одржа редовниот работен состанок на Секторската работна група во која што членуваат претставници од МЗШВ, од Делегацијата на ЕУ, од надлежните институции во секторот земјоделство, странски донатори и невладини организации.
На состанокот се разгледаа тековните проекти финансирани од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, како и идната финансиска помош од ИПА 2019 која што е во фаза на програмирање. Воедно, беа разгледани и областите во секторот земјоделство што ќе се финансираат преку ИПА 2019, за што веќе се обезбедени околу 15 милиони евра.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека овој состанок е добра можност за дискусија за идните приоритетни политики за развој на земјоделството.


До 15-ти мај трае рокот за поднесување барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и по грло добиток
Дата на објава: 
21 Април 2018
30715112_10215344740005365_5069378731584258048_n.png

Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетуваат земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива земјоделска површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15-ти мај.
Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 30 април 2018 година.
На веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со поднесување на барањата.


Николовски:Активно работиме на воспоставување на земјоделски иновативни системи и унапредување на технологиите во земјоделството
Дата на објава: 
20 Април 2018
sof2.jpg

Воведувањето на новите технологии во земјоделството е приоритет на секоја држава која што цели кон создавање на едно модерно, развиено и конкурентно земјоделско производство, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната меѓународна конференција „Заедно за силно дигитално земјоделство“, што се одржува во Софија, Република Бугарија.
Конференцијата е во организација на Министерството за земјоделство, храна и шумарство на Република Бугарија, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации и Институт за Агростратегии и иновации, а присуствуваа министри за земјоделство од европската унија, турција и од Западен Балкан, како и претставници на ФАО, земјоделци и експерти од областа на земјоделството.
На панел дискусијата министерот Николовски потенцираше дека Владата на Република Македонија активно работи на воспоставување на земјоделски иновативни системи, како и унапредување на информациските и комуникациски технологии.


Преку ИПА фондовите набавени 18 возила за МЗШВ и Платежната агенција и нова ИТ опрема со виртуелна база за МЗШВ
Дата на објава: 
19 Април 2018
za web.jpg

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со раководителот на Секторот за соработка при ЕУ, Никола Бертолини и со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ги промовираа новите 18 возила и новата ИТ опрема, набавени преку ИПА фондовите. Вкупната вредност на набавката е 1,4 милиони евра, од кои 75 отсто се пари од ИПА, а остатокот се од национално кофинансирање. Оваа набавка е важна за зајакнување на техничките капацитетите на МЗШВ и Платежната агенција.


Syndicate content