Новости

Стартуваше проектот на ДФЛ „Со знаење полесно до практична работа и работно место“
Дата на објава: 
28 Април 2017
DFL.jpg

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) на 28 април го започна циклусот на соработка со средните училишта, област хемија и биохемија, насловен „Со знаење полесно до практична работа и работно место“.

Во рамките на овој проект, први ДФЛ ја посетија учениците од скопската гимназија „Ѓорѓи Димитров“. Тие, на почетокот кусо се запознаа со работата на лабораторијата и нејзината мисија да се грижи за пласман на безбедни земјоделски производи и нивни преработки. Потоа, следуваше запознавањето со лабораториите, поединечно за секоја област на работа, нивната поставеност, персонал, како и начинот на функционирање.


Цветков: Очекувам 100 проценти да се искористат парите од ИПАРД 2 програмата
Дата на објава: 
24 Април 2017
133667745.jpg

Првите договори за користење средства од ИПАРД 2 програмата во вкупна вредност од 10 милиони евра ресорното Министерство најавува дека ќе бидат потпишани до крајот на јуни или почетокот на јули годинава и да бидат искористени 100 проценти.

Со  првиот повик за ИПАРД 2, објавен денеска, земјоделците до 23 јуни годинава можат да апицираат за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и за диверзификација на фарми и развој на бизнис.

- Со реализацијата на ИПАРД 2  која се однесува за периодот 2014 до 2020 година се доцни две години, но како надлежни  институции ги преземавме сите чекори  предвидените 60 милиони евра да ги искористиме 100 проценти.  Предвидените пет милиони евра за 2014 и пет милиони евра за 2015 година треба да ги искористиме до крајот на 2018 година, рече на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Со оваа програма, потенцира, земјоделците ќе добијат поврат на 60 проценти од инвестицијата.


Промоција на македонски производи на саемот во Мостар
Дата на објава: 
7 Април 2017
Saem vo Mostar.jpg

Македонското квалитетно флаширано вино, јагнешко месо, традиционално овчо сирење, домашен ајвар, лутеница, малиџано, се дел од македонските производи кои се дегустираат на националниот промотивен штанд во Мостар, Република Босна и Херцеговина, во рамки на Мостарскиот саем што се одржува од 4-ти до 8-ми април 2017 година.

 

Интересот за македонските производи, чиј вкус традиционално е познат во овие простори, е многу голем и македонскиот штанд е еден од најпосетените на саемот. На саемот се претставуваат преку 800 изложувачи од 30 земји. Манифестацијата ја отвори хрватскиот премиер Андреј Плетковиќ затоа што оваа година партнер на саемот е Република Хрватска.

 

На свеченоста присуствуваа голем број на државници од регионот и светот меѓу кои српскиот премиер Александар Вучиќ, претседателот на Република Црна Гора Филип Вујановиќ, кинескиот заменик министер за земјоделство Љу Донгѕу и други претставници од високо државно ниво, кои по завршувањето на свеченоста ги посетија изложбените штандови.

 


Македонски винарии на Меѓународниот саем во Дизелдорф
Дата на објава: 
20 Март 2017
Saem za vino.jpg

Вкупно 11 винарии од Македонија, Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Попов, Мовино, Ројал и Сопот, учествуваат на годинашниот Саем за вино „ProWein“ во Дизелдорф, Германија, што се одржува од 19 до 21 март.

 

И оваа година министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го поддржа учеството, а при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на нашиот најголем репрезент, сортата Вранец со кој може да се запознаат многубројните дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет.

 

„ProWein“ е водечки меѓународен Саем за вино и алкохолни пијалаци во Европа на кој своите вина ги промовираат 6.000 изложувачи од 50 вински земји во светот. Секоја година брои повеќе од 50.000 бизнис посетители.

 

Македонскиот национален штанд и оваа година е финансиски поддржан од Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој за 2017 година, додека поддршката на здружението „Вина од Македонија“ е во рамки на активностите на МЗШВ за промоција на македонското вино на интернационалните пазари.


Идниот месец се отвора Македонскиот изложбено - трговски дом во Москва
Дата на објава: 
23 Февруари 2017
Foto.jpg

Свежо овошје и зеленчук, конзервирани, млечни и месни производи, како и пијалаци, ќе бидат дел од првата пратка со која на 23 март годинава и официјално ќе се отвори Македонскиот изложбено - трговски дом во Москва.

 

Како што беше истакнато на денешната презентација што ја организираше Македонско - руската стопанска комора, Домот се наоѓа во комплексот „Фуд сити“, своевиден трговски град кој зафаќа 90 хектари површина и во кој се лоцирани сите странски извозници и дистрибутери кои тргуваат со Русија. Македонските компании, најпрво 20, ќе добијат целосна комерцијална, царинска и правна поддршка за пласман на производите, а во Домот ќе може да ги изложат и складираат за да им бидат веднаш достапни на деловните руски партнери.

 


Syndicate content