Новости

МЗШВ на терен во увид на штетите од вчерашното невреме
Дата на објава: 
14 Јуни 2018
35242655_10156936068230628_503951667008372736_n.jpg

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, денеска по вчерашното невреме во овчеполскиот регион, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви.

Според првичините проценки во регионите на општините Лозово и Свети Николе, од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари.

Претставниците од МЗШВ реализираа средби со градоначалниците на овие општини.

Бидејќи освен штети врз земјоделските посеви, невремето предизвика и материјални штети, локалните власти денеска организираа итни состаноци на Советите и денеска формираат Комисии за проценка на штетите.

Комисиите кои ќе извршат проценка на предизвиканите штети од невремето проследено со силен дожд, град и ветер.

Засега е утврдено дека има штета на земјоделските површини како лозови насади, површини со житни култури и зеленчук, но и материјална штета на објекти и приватни имоти.


Од оваа година повисоки субвенции за предадено овошје во преработувачки капацитети
Дата на објава: 
13 Јуни 2018
komitete.jpg

Денеска во Владата на на Република на Македонија се одржа втората седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна, со кој што претседаваше заменик претседателот на Комитетот, односно министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. На седницата присуствуваа советничката за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, како и останатите директори на институциите од областа на земјоделство и претстваници од МЗШВ.


МЗШВ ќе воспостави државен Национален гарантен фонд за полесен пристап на земјоделците до кредити
Дата на објава: 
12 Јуни 2018
IMG_8041.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, интензивно работи на воспоставување на државен Национален гарантен фонд, со кој што ќе се олесни пристапот на земјоделците до кредити а со тоа ќе се зголеми инвестициската активност во земјоделството, потенцираше министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната втора сесија на Работната група за земјоделство и рурален развој, на тема „Кредитирање и современо и конкурентно земјоделство“, организирана во рамки на Националната конвенција за Европска Унија во Република Македонија.
Николовски појасни дека за почеток основа за воспоставување на Националниот грантен фонд ќе биде одблокирањето на парите од јапонската помош. Воедно додаде дека во моментов, во соработка со УСАИД е воспоставен гарантен фонд, преку кој што е обезбедена гаранција за до 50 отсто од висината на побараниот кредито,.


Поедноставни даночни постапки и повеќе пари кај земјоделците
Дата на објава: 
11 Јуни 2018
IMG_2344.JPG

Со последните измените на Законот за персонален данок на доход, значително се поедноставуваат даночните постапките за земјоделците, порачаа на денешната заедничка прес конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Со последните законски измени, се намали прагот за регистрација на овие даночни обврзници.
Во таа насока со измените на законот се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходно 300.000.00 денари на 1.000.000 денари, за што земјоделците кои немаат дополнителни приходи во текот на годината, ќе имаат право на поврат на данокот на доход. Министерот Николовски посочи дека на овој начин остануваат повеќе пари кај земјоделците, а дополнително ќе бидат ослободени од досегашните административни процедури.


Почнува аплицирањето за добивање на средства од „Програмата за рибарство и аквакултура“
Дата на објава: 
9 Јуни 2018
logo_mzsv_9.png

Од денеска до 9 - ти јули 2018- та година, сите кои сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови ќе може да аплицираат за добивање на средства преку „Програмата за рибарство и аквакултура“ .
Преку оваа мерка ќе може да се градат нови риболовни пунктови, да ги реконнструираат и адаптираат постоечките, како и да направат рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал. – вели диреторот на АФПЗР Николче Бабовски.


Syndicate content