Новости

Министерот Љупчо Димовски во посета на органска фарма и винарија
Дата на објава: 
31 Октомври 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  ја посети фармата за органско производство што е дел од органската винарска визба „Грков“ кај Кавадарци.

 

Фармата располага со 140 кози, раса „алпина“, од чие млеко се проиведуваат седум типови органско сирење, со сертифицирани површини за органско градинарско производство и овоштарство, со 11 хектари сопствени лозови насади за производство на органско грозје, а има и ресторан со сала за дегустација, за организиран пречек на туристи.

 

Министерот Љупчо Димовски, имаше можност да ги дегустира првите органски произведени вина во Македонија.


Почнаа ИПАРД обуките и на терен
Дата на објава: 
28 Октомври 2009

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  од Охрид ја започна теренската промотивна кампања „ИПАРД - европски можности за македонското земјоделство“. Агендата предвидува одржување инфо денови - трибини, тркалезни маси,  форуми, советувања и медиумски презентации низ целата држава. Според Маргарита Делева, раководител на Телото за Уравување со ИПАРД и државен советник за рурален развој во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Промоции за ИПАРД ќе се одржат и во Гевгелија, Кичево, Ресен, Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес и во другите поголеми градови во земјава.


Заменик-министерот за земјоделство Иваноски во дводневна посета на Холандија
Дата на објава: 
15 Октомври 2009

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски престојува во дводневна посета на Холандија. Во текот на престојот, заменик-министреот  ќе го посети и светски познатиот саем за хорти и флорикултура „Хортифер“.

 

Иваноски се сретна со претставници од холандскиот бизнис сектор, вклучувајќи ги Холандски паркови и зеленило, Флорахоланд, Бејо заден и Енза заден. Заменик- министерот оствари средба и со претставници од холандските институции за стручно образование „ПТЦ +“ и „Ларенштајн“ кои се заинтересирани да го поддржат развојот на стручното образование во областа на земјоделството во Македонија преку  одржување на модерни практични обуки во областа на одгледување растенија и животни како и за технологии во земјоделството и во хортикултурата.


Димовски и Рикер договорија продлабочување на соработката на РМ и САД во областа на земјоделството
Дата на објава: 
15 Октомври 2009
Riker Dimovski.JPG

Продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и САД и  во делот на земјоделството, но и нејзино зајакнување - договорија денеска на првата официјална средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и американскиот амбасадор Филип Рикер.


Расте интересот кај земјоделците за осигурување
Дата на објава: 
13 Октомври 2009

Интересот кај земјоделците за осигурувањето на земјоделското производство од временски непогоди се зголемува.  Ова се должи на мерката која Владата ја спроведе годинава за покривање на 60 % од осигурителната полиса, која за разлика од лани е двојно поголема.


Syndicate content