Новости

Продолжуваат промоциите на ИПАРД програмата на терен
Дата на објава: 
16 Ноември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство утре, 17 ноември,  ќе организира ИПАРД инфо денoви во Тетово и во Кичево.

 

Сите заинтересирани земјоделски производители и преработувачи на храна на оваа трибина ќе имаат можат да се информираат за европските можностите што ги дава ИПАРД Програмата.

 

Трибините ќе се одржат во хотел Лираку во Тетово со почеток во 10 часот, а во Кичево во хотел Унион во 15 часот.

 

Кампањата за промоција на ИПАРД продолжува  на 19 ноември (четврток)  во Ресен.  Презентацијата на ИПАРД програмата во овој град ќе се одржи во просториите на општина Ресен во 10 часот.

 

Во Битола, Телото за управување со ИПАРД ќе ја промовира  програмата во хотел Епинал со почеток во 15 часот.


БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ
Дата на објава: 
12 Ноември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во рамки на  Агрофуд 2009, оствари билатерални средби со хрватскиот министер за земјоделство Петар Чобанковиќ и словенечкиот државен секретар во Министерството за земјоделство и храна Соња Буковец.


Министерот Димовски ќе се сретне со претставници на Групацијата за свињарство
Дата на објава: 
12 Ноември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски,  во четврток, 19 ноември, во 10 часот и 30 минути, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одржи работен состанок со претставници на Групацијата на производители на свинско месо при Стопанската комора на Македонија.

 

На состанокот  инициран од Групацијата ќе се разговара за актуелните состојби во оваа сточарска гранка, особено за активностите и насоките на Ветеринарната управа на Македонија  за  борба против свинската чума.


Ден на дрвото
Дата на објава: 
11 Ноември 2009
den na drvo 2.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, неговиот хрватски колега Петар Чобанковиќ и Соња Буковец, државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и  храна на Република Словенија, во паркот на Скопски саем,  симболично засадија дрва. На ваков нашин за прв пат заедно, тие се приклучија на големата акција за пошумување на Република Македонија ,, Ден на дрвото-засадија својата иднина,, која по трети пат ќе се одржи кај нас во петок на 13 ноември.


Регионален форум за зголемување на конкурентноста на земјоделството за полесен настап на пазарот на ЕУ
Дата на објава: 
1 Ноември 2009
ministerski forum  fotka.JPG

Почитувањето на стандадрите за безбедност на храната е основен предуслов за подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, но и можност за полесен пласман на нашите производи на европскиот пазар. Ова е еден од заклучоците  на  учесниците на Регионалниот министерски форум на тема „Зголемување на конкурентноста на земјоделството за полесен настап на пазарот на ЕУ“, што се одржа  во Скопје во рамки на годинашната саемска манифестација Агрофуд.


Syndicate content