Новости

Министерот Николовски во официјална посета на Катар
Дата на објава: 
27 Ноември 2017
24116659_10156340847295628_156115698_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, од денеска е во официјална дводневна посета на Катар.

Во текот на денешниот ден, министерот Николовски имаше средба со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан Ал Мураикхи.

 

На средбата, министрите разговараа за билатералните односи на двете земји, како и за идните чекори за унапредување на соработката, со посебен акцент на трговската соработка меѓу двете земји.

 

Воедно, денеска, во рамки на посетата министерот Николовски, имаше работна средба и заменик- главниот извршен директор на катарскиот државен фонд за инвестиции „ Хасад Фуд“, г-дин Ал Кувари,  чија што основна дејност е насочена кон ивестирање во секој континент.

 

Министерот Николовски, разговараше со,На средбата, беа претствени низа можности кои беа предмет на интерес на катарската страна , а се од особено значење за развој на македонскиот рурален сектор. Исто така предмет на разговор меѓу двете страни беше и можноста за извоз на македонски земјоделски производи во Катар.

 


Потпишани првите договори за поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци
Дата на објава: 
25 Ноември 2017
mlad zemjodelc1.jpg

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантво се потпишаа првите 60-тина договори од вкупно одобрените 424 договори за Мерката 122 од Програмата за рурален развој  „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

На официјалното потпишување на првите договори, присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, како и директорите и советниците во состав на МЗШВ и од Владата на РМ.

Премиерот Зоран Заев, им порача на присутните млади земјоделци, дека земјоделството ќе биде една од базичните гранки на кои ќе се темели идниот економски раст.


Кривични пријави за седум лица вработени во МЗШВ
Дата на објава: 
24 Ноември 2017

Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје  поднесе кривична пријава против Г.Л. (52) , В.Ќ. (52), Д.М. (43), С.Н. (39), В.В. (61), Ј.З. (51), сите од Скопје и против В.Г. (58) од Тетово, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 2  во врска со став 1 од Кривичниот Законик  на Република Македонија. 


Министерот Николовски во Јахорина оствари средби со регионалните министри и со претставниците на меѓународните организации
Дата на објава: 
18 Ноември 2017
21617740_519816328384729_5617174394602876464_n.jpg

Во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), што се одржa во Јахорина, Босна и Херцеговина, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, оствари средби со делегациите на сите присутни држави, на кои тема на разговор беше  затворање на сите отворени прашања, подобрување на регионалната соработка и зголемување на трговската размена.

Од особено значење за Република Македонија, беа и средбите со директорот на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ-ДГ АГРИ, Марио Милушев,со регионалниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) за Европа и Централна Азија Владимир Рахмањин, со директорот на Германската интернационална соработка (GIZ), Џејмс Макбет, и со др. Герман Јеуб, генерален директор за ЕУ политика и интернационална соработка во германското Министерство за земјоделство.


Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес
Дата на објава: 
17 Ноември 2017
jahorina3.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), што се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина, имаше свое обраќање пред министерите за земјоделство од ЈИЕ.

Министерскиот состанок е во организација на Владата на Босна и Херцеговина како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа –SWG.

Министерот Николовски истакна дека  овој состанок е добра можност да се презентираат идните политики за унапредување на регионалната соработката во областа на земјоделскиот сектор помеѓу земјите од Западен Балкан, како и политиките за забрзување на процесот на приближување на земјите кандидати и потенцијални кандидати од Југоисточна Европа кон Европската унија.


Syndicate content