Соопштенија

СООПШТЕНИЕ за поднесеното барање за регистрација на заштитен назив со географска ознака - Охридска цреша
Дата на објава: 
27 Јануари 2017

Врз основа на 148 став (6) од  Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 53/11, 55/12, 106/13,116/15, 149/15 и 93/16), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство известува дека од страна на ЗЗ „Охридска черешна 2015’’ е поднесено барање со елаборат за регистрација на заштитен назив со географска ознака -  Охридска цреша.

На денот на објавата на ова соопштение во дневниот печат, елаборатот за Охридска цреша ќе биде објавен и достапен за преземање на официјалната веб страна на Министерството www.mzsv.gov.mk.

 

Секое домашно или странско правно или физичко лице, има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од 30 дена од денот на објавувањето на елаборатот, доколку смета дека се исполнети условите за приговор утврдени во член 149 став (1) од Законот за квалитетот на земјоделските производи.

Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство

Додаток за превземање: 

Воведена привремена забрана за лов на диви птици
Дата на објава: 
31 Јануари 2017
diva guska.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе ЗАБРАНА за ловење на дивеч - диви птици.

 

Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца - птичји грип.

 

Забраната за ловење диви птици стапува на сила веднаш и ќе трае се до нејзино отповикување.

 

Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра.


ИЗВЕСТУВАЊЕ за лицата кои го положија испитот за добивање на Лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
27 Јануари 2017

Списокот со кандидатите кои на 25. јануари 2017 година го положија испитот за добивање на Лиценца за процена на тутун, се наоѓа во додатокот за превземање.

Додаток за превземање: 

СООПШТЕНИЕ за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
18 Јануари 2017

Полагањето на вториот (практичен)  дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се оддржи на 25 јануари 2017 годинасо почеток од 12 часот. Полагањето ќе се одржи во салата за состаноци во НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ПРИЛЕП со седиште на ул. Кичевска бр.ББ, Прилеп.

 

Се известуваат кандидатите на кои им е потребна обука во познавањето на тутунската суровина  дека на 24 јануари од 08 до 13 часот во просториите на Научен Институт за тутун Прилеп  може да побараат помош од  д-р Ана Корубин Алексоска и м-р Милан Смоквоски.

 

Целото соопштение со списокот на лица за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун се наоѓа во додатокот за превземање.


СООПШТЕНИЕ за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
13 Јануари 2017

Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се одржи на 17-ти јануари 2017 година, со почеток од 12 часот (до 14 часот).

Полагањето ќе се одржи во просторија бр. 2 на Испитниот Центар кој се наоѓа на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала).

Трошоците за полагање на испитот за добивање лиценца за процена на тутун ги сноси кандидатот.

Сметката на која се врши уплатата, списокот со кандидати за полагање на испитот, како и целото соопштение се наоѓаат во додатокот за превземање.


Syndicate content