Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ за полагање испит за стопански риболов и за рибочувар
Дата на објава: 
31 Август 2016

Испитот за добивање уверение за стопански риболов ќе се одржи на ден 06.09.2016 година со почеток во 10 часот во просториите на испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1.

 

Испитот за добивање уверение за рибочувар ќе се одржи на ден 06.09.2016 година со почеток во 12 часот во просториите на испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1.

 

Кандидатите на денот на полагање задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

Списоците со кандидати се во додатоците за превземање.


НОВО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА за воведеното ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси
Дата на објава: 
15 Јули 2016
pelister.jpeg

1. Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за  периодот од 06.07.2016 година до 15.08.2016 година во термин од 7.00 часот наутро до 17.00 часот попладне.

Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др).

Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и во субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.


СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ЛОВЕЧКИ ИСПИТ НА 11.07.2016 ГОДИНА
Дата на објава: 
21 Јуни 2016

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, согласно Законот за ловството - член 58 и 58-з, закажа полагање на ловечки испит на ден 11.07.2016 година (понеделник).

Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО” ул. Христо Смирненски” бр.30, Скопје (позади Универзална Сала).

Списоците со кандидатите за полагање на ловечкиот испит за 11.07.2016 година, се наоѓаат во додатоците за превземање.

Право за полагање имаат само кандидатите кои се објавени на списоците на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кандидатите  задолжително со себе да  понесат документ за идентификација (лична карта или пасош).

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ЛОВЕЧКИ ИСПИТ НА 25 МАЈ 2016 ГОДИНА
Дата на објава: 
19 Мај 2016

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека на ден 25.05.2016 (среда)  година, согласно Законот за ловство - член 58 и 58-з закажа полагање на ловечки испит.

Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО” ул. Христо Смирненски” бр.30, Скопје (позади Универзална Сала). На ловечкиот испит ќе бидат повикани 120 кандидати.

Списокот со кандидатите за полагање на ловечкиот испит за 25.05.2016 година  е објавен на веб-страната на МЗШВ www.mzsv.gov.mk/

Списоците со кандидати за полагање се наоѓаат во додатоците за преземање.

Право за полагање имаат само кандидатите кои се објавени на списоците на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кандидатите  задолжително со себе да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош).


СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ЛОВЕЧКИ ИСПИТ НА 11 МАЈ 2016 ГОДИНА
Дата на објава: 
5 Мај 2016

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека на ден 11.05.2016 година (среда), согласно Законот за ловство - член 58 и 58-з закажа полагање на ловечки испит.

Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО” ул. Христо Смирненски” бр.30, Скопје (позади Универзална Сала).

На ловечкиот испит ќе бидат повикани 90 кандидати од Кратово, Струга, Кичево, Македонски Брод и Виница.

Списокот со кандидатите за полагање на ловечкиот испит за 11.05.2016 (среда) година  е објавен на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk/

Право за полагање имаат само кандидатите кои се објавени на списоците на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Списоците со кандидати за полагање се во додатоците за преземање.

Кандидатите  задолжително со себе да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош).


Syndicate content