Соопштенија

Одржана работилница од пилот проект за пасоши на растенијата
Дата на објава: 
27 Април 2016
Foto.jpg

На 25-ти и на 26-ти април 2016 година во Охрид, во соработка со италијанските партнери во рамките на Твининг проектот ИПА 2010 „Понатамошно јакнење на капацитетите на надлежните органи за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика“, беше одржана работилница за реализирање на активностите од пилот проектот за пасоши на растенија.

Целта на работилницата беше изнаоѓање начини и преземање на идни чекори за спроведување на системот за пасоши на растенијата.

Пасошкиот систем за растенија е комплексна активност за издавање документ (пасош) со кој се потврдува дека одредени растенија и растителни производи кои се движат во рамките на територијата на Република Македонија се слободни (незаразени) од карантински штетни организми.


СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ЛОВЕЧКИ ИСПИТ
Дата на објава: 
7 Април 2016

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека согласно Законот за ловство - член 58 и 58-з закажа полагање на ловечки испит на ден 09.05.2016 година.

Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО” ул. Христо Смирненски” бр.30, Скопје (позади Универзална сала).

На ловечкиот испит ќе бидат повикани 180 кандидати од Куманово, Скопје, Гостивар и од Радовиш.

Списоците со кандидатите за полагање на ловечкиот испит за 09.05.2016 година (понеделник), терминот и местото на одржување на испитот се наоѓаат во додатоците за преземање.

Право за полагање имаат само кандидатите кои се објавени на списоците на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кандидатите задолжително со себе да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош).

 

Комисија за

полагање  на ловечки испит

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР
Дата на објава: 
23 Март 2016

Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од  испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 17.03.2016 година) дека на 7 Април 2016 година, со почеток во 08:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот.

На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

 

Воедно се известуваат сите заинтересирани кандидати дека во истиот термин ќе се одржи и полагање на теоретскиот дел од вториот испит за добивање уверение за рибочувар. Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до петок 25.03.2016 година.


ИЗВЕСТУВАЊЕ за полагање испит за добивање уверение за рибочувар
Дата на објава: 
9 Март 2016

Испитот за добивање уверение за рибочувар ќе се одржи на ден 17.03.2016 година со почеток во 10:30 часот, во испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје.

На денот на полагањето кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

Списоците со кандидати за полагање на испитот се во додатокот за превземање.


МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР И ЗА ДОБИВАЊЕ УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ
Дата на објава: 
2 Март 2016

Прашањата за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, содржани во јавно достапната база, се објавени на следниот линк http://e-prasanja.mk

Прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата потребни за подготовка за полагање на испитите се:

 

-       Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 07/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95,12, 164/13, 116/14, 154/15 и 193/15),

Додаток за превземање: 

Syndicate content