Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР
Дата на објава: 
17 Февруари 2016

Се известуваат сите заинтересирани лица дека на ден 17 март 2016 година, со почеток во 10 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на испит за добивање уверение за рибочувар.

 

За полагање на испитот до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се доставува барање кое содржи:
- Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање, степен на  образование.

Кон барањето за полагање на испитот кандидатот приложува докази за исполнување на следниве услови:
- да е државјанин на Република Македонија и
- да е полнолетен.

Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот.


Јавен конкурс за биодиверзитет
Дата на објава: 
3 Февруари 2016

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10, 23/13 и 149/15), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги за

спроведување на мерки и активности од

Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2011 до 2017 година

Додаток за превземање: 

Јавен конкурс за давање јавни услуги од областа на здравјето на растенијата
Дата на објава: 
27 Јануари 2016
Со јавниот конкурс кој произлегува од Законот за здравјето на растенијата, Фитосанитарната управа како надлежен орган издава дозволи за давање на јавни услуги во форма на решение. Јавните услуги се активности кои на корисниците им ги даваат правни и физички лица кои ги исполниле општите и посебните услови од законската регулатива за здравје на растенијата и врз основа на јавниот конкурс добиле дозвола за овие активности.
Јавни услуги се за следните активности: издавање на пасоши за растенија, вршење на лабораториски тестирања и дијагностицирања, едукација на лицата вклучени во активности поврзани со здравјето на растенијата, како и за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација за здравјето на растенијата.
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД
Дата на објава: 
20 Јануари 2016

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10,  23/13 и 149/15), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2016 година (,,Службен весник на Р.М”           бр. 02/16) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД (Заедничка основна програма за одгледување на добиток) и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2016 година

Додаток за превземање: 

Отворени денови со земјоделците - Агенда за посета по населени места
Дата на објава: 
13 Јануари 2016

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Отворени денови со земјоделците

Агенда за посета по населени места

 

За местото на оддржувањето на настанот заинтересираните земјоделци можат да се информираат во најблиската подрачна единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

Додаток за превземање: 

Syndicate content