Соопштенија

СООПШТЕНИЕ за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун за кандидатите кои го п
Дата на објава: 
12 Декември 2015

Полагањето на вториот (практичен)  дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се оддржи во салата за состаноци во НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ПРИЛЕП со седиште на ул. Кичевска бр.ББ, Прилеп на 22 декември 2015 година, со почеток од 11 часот.

Вториот (практичен) дел од испитот се состои од решавање на три до пет практични примери со три до пет прашања во познавање на тутунската суровина.

Одговорите на кандидатот на секое прашање во познавањето на тутунската суровина се бодуваат со најмалку 10, а најмногу 50 бодови, при што вкупниот збир на бодови се пресметува според просечната вредност на добиени бодови за секое прашање.

Вкупниот збир на бодови од вториот (практичен) дел од испитот е 50 бода.

Вториот (практичен) дел од испитот се смета за положен со добиен најмалку 21 бод.

Се известуваат кандидатите на кои им е потребна обука во познавањето на тутунската суровина  дека на 21 декември во просториите на Научен Институт за тутун Прилеп  може да побараат помош од  д-р Ана Корубин Алексоска и м-р Милан Смоквоски.


СООПШТЕНИЕ за кандидатите за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
4 Декември 2015

Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кој се наоѓа на следната локација: улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала), на 11 декември 2015 година, со почеток од 15:30 часот и завршување до 17:30 часот.

 

Трошоците за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ги сноси кандидатот, а уплатата ја врши на следната сметка:


СООПШТЕНИЕ за кандидатите за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
29 Октомври 2015

Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кој се наоѓа на следната локација: улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала), на 05 ноември 2015 година, со почеток од 11 часот и завршување до 13 часот.

 

Начин на уплата и Список на кандидати со решение за исполнување на услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун во додаток.


Агенда за посета по населени места
Дата на објава: 
17 Септември 2014

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Отворени денови со земјоделците

Агенда за посета по населени места

Додаток за превземање: 

Известување
Дата на објава: 
14 Мај 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ И ЗА ДОБИВАЊЕ УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР

 

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на  испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи:

- Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и

- доказ за уплатен надомест за полагање на испитот

Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Прашањата за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, содржани во јавно достапната база, се објавени на следниот линк http://e-prasanja.mk

 

Прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата потребни за подготовка за полагање на испитите се:

 


Syndicate content