Соопштенија

Јавен увид: Предлог - годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2015 година
Дата на објава: 
7 Мај 2015

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 2 став (2) од Законот за изменување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.61/15), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја става на

 

Ј а в е н У В И Д

Предлог - годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2015 година

 

 

I.Предмет на јавен увид

 

Предлог - годишната програма за продажба на земјоделско земјиште

во државна сопственост за  2015 година

 

Член 1

Додаток за превземање: 

Резултати од полагање на стручен испит за проценувач од областа - земјоделство
Дата на објава: 
16 Декември 2014

Резултати од полагање на стручен испит за проценувач од областа - земјоделство одржан на ден 05.12.2014 година


Министерот Цветков во посета на штипските оранжерии „Еко Оаза Самандов“
Дата на објава: 
13 Декември 2014
2014-12-13_11 37 40.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев денеска ги посети оранжериите на штипската фирма „Еко Оаза Самандов“.

Цветков изрази задоволство од посетата на фирмата, која важи за најголем производител на оранжериско производство во земјава. Од вкупно 240 хектари под стакленици во Македонија, оваа компанија располага со 36 хектари.

- Она што најмногу ме израдува е дека над 80 % од нивното производство оди за извоз. Ова ме охрабрува и ние како Министерство за земјоделство ќе ги направиме сите напори со цел сите финансиски средства кои што ни стојат на располагање да ги искористиме,  како преку Платежната агенција, така и од ИПАРД програмата кои што се доста високи. Имено, во наредните пет години ќе имаме на располагање 106 милиони евра, така што оваа прилика ја користам сите заинтересирани да се јават во Платежната агенција и да конкурираат на огласите за да можеме да ги искористиме овие средства, вели Цветков.


Министерот Цветков во Тирана
Дата на објава: 
14 Ноември 2014
IMG-20141114-WA004.JPG

Министерoт за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска оствари работна средба со  Министерот за земјоделство, рурален развој и управување со водите, Едмонд Панарити, во Тирана,Албанија.
Двајцата министери средбата која ја оценија како успешна каде што беа договорени идните соработки во повеќе области.
Албанската страна изрази интерес кој беше прифатен,македонското министерство за земјоделство да го сподели досегашното искуство со нивното министерство во процесот на евро интеграциите како земја која е во понапредна фаза од тој процес.
Министрите се согласија дека трговската размена меѓу двете земји не е на посакуваното ниви и дека тоа треба да се интензивира преку поблиски средби и соработка на стопанствениците.
Албанскиот министер Едмонд Панарити предложил нивно вклучување во македонската акција „ Ден на дрвото“ со пошумување на меѓуграничен појас.


Оглас за поднесување барање за полагање на стручен испит за проценувачи од областа: земјоделство
Дата на објава: 
7 Ноември 2014

ОГЛАС
за поднесување барање за полагање на стручен испит за
проценувачи од областа: земјоделство
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит за проценувач и кои поседуваат сертификат за завршена обука, да поднесат барање за полагање на стручен испит од областа на:
ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Додаток за превземање: 

Syndicate content