Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ Ве известува за важни измени кои се однесуваат на Повикот бр. 1/ЗАМ/2020 за финансиска поддршка на земјоделски задруги:
- Краен рок за поднесување на пријавите:
- Рокот за доставување пријави е продолжен до 30.4.2020 г. до 16.00 часот.
- Индикативно времетраење за реализација на инвестицијата (т.1.6.3 од Инструкции за апликантите од Повикот):
- Индикативното времетраење за реализација на инвестицијата е 7 месеци.
- Индикативна временска рамка (т.6.6. од Инструкции за апликантите од Повикот):
Активност |
Индикативна временска рамка |
Рок за поднесување пријави |
30.4.2020 до 16:00 часот |
Отворање на пријавите |
4.5.2020 |
Посета на терен |
5-6.5.2020 |
Комплетирање на административната проверка |
8.5.2020 |
Комплетирање на оценката |
11.5.2020 |
Известување за резултатите од оценката |
11.5.2020 |
Потпишување договор |
12.5.2020 |
Краен датум на договорот |
12.12.2020 |
Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија-Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).
Повик бр. 1/ЗАМ/2020 за финансиска поддршка на земјоделски задруги (изменет)