Димковски: Раноградинарите ќе бидат исклучени од забраната за движење во викенд деновите, за останатите земјоделци кои имаат неодложни активности ќе се издаваат дозволи

27.03.2020 12:10:00


Со оглед на новите проширени мерки за ограничување на движење за време на викенд деновите од 16:00 часот до 05:00 часот, што ги донесе Владата за заштита на здравјето на граѓаните од коронавирусот, на вчерашната владина седница се допрецизира исклучувањето на дел од земјоделците во однос на забраната за движење. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во денешната изјава посочи дека заради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено кај градинарските култури, во делот на забраната за движење во викенд деновите, се исклучуваат земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници.

„Тоа значи, дека оваа категорија на земјоделци не треба да вадат посебни дозволи. Но, укажуваме ова исклучување да се искористи исклучиво за вршење на земјоделските активности во пластениците. Дополнително, другите земјоделци од останатите подсектори како што се сточарите, овоштарите, полјоделците и други, доколку имаат неодложни активности поврзани со земјоделско производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да остават мејл адреса за контакт. Откако подрачната единица ќе изврши проверка на доставените податоци од страна на земјоделците, истите се доставуваат до МЗШВ, кои потоа се проселдуваат до Министерството за информатичко општество и потоа на нивните мејлови им стигнува дозволата“, изјави министерот Димковски.

При тоа Димковски изјави дека на вчерашната седница на Владата се донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за земјоделско земјиште. Ова значи дека роковите кои се определени со Законот за земјоделското земјиште за донесување на одлука за отпочнати постапки со прибирање на понуди, а кои истекуваат за време вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба. Истите, започнуваат одново да течат по истекот на вонредната состојба. Откако ќе заврши вонредната состојба изборот на најповолен понудувач во отпочнатите постапки со прибирање на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, ќе се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп.

Правила и услови за ослободување од полициски час на граѓани/земјоделци на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба поврзана со вирусот COVID -19:

 

1.Право на движење има само еден  (1)  член на земјоделско стопанство;

2.Доколку во земјоделското стопанство има член помлад од 67 години, не се издава согласност за лице постаро од 67 години;

3.Барањата се доставуваат по телефон или на е-маил преку подрачната единица на МЗШВ (која мора да провери дали барателот е запишан во регистарот на земјоделски стопанства и дали во стопанството има лице помладо од 67 години;

4. Согласноста се дава само за движење од адресата на живеење до фармата доколку фармата е надвор од адреса на живеење и до нивата (оранжеријата) доколку е надвор од место на живеење;

5. Задолжително се наведува КП на нивата односно фармата;

6. Движењето е дозволено само на релација место на живеење фарма (објект, оранжерија, нива);

7.Согласноста се издава само во времето кое го има наведено барателот;

8.Податоците задолжително се наведуваат во табелата во прилог истата се доставува секој понеделник и важи од за тековната недела;

9. Сите дополнувања во текот на неделата се соважност до важењето на периодот (до првиот понеделник пример доколку се поднесе барање во четврток тоа ќе важи за периодот од петок до понеделник);

10.Давањето на лажни податоци со кои се загрозува општата здравствена состојба на граѓаните и се прекршува полицискиот час е кривично дел, како за земјоделецот така и за лицето кое ги внесило податоците од ПЕ;

11. Во табелата мора да се наведе email адреса од земјоделец (или маил до кој има пристап)  бидејќи системот генерира дозвола за движење и истата ја испраќа до емаилот што го оставил земјоделецот. Во случај да земјоделецот нема емаил адреса ќе мора да ја оставите Вашата емаил адреса приватна или службена од ПЕ и дозволата да му ја испринтате и дадете на земјоделецот.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици