Откупната цена на зелката до 20-ти април - минимум 15 денари за килограм

31.03.2020 17:00:00


Откупната цена на зелката до 20-ти април ќе биде минимум 15 денари за килограм, ова денеска беше договорено на состонакот што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димовски, го одржа со откупувачите на зелка. Ваквата одлука е поради вонредната состојба и последиците од појавата на коронавирусот врз секторот земјоделство.

Државниот инспекторат за земјоделство, во овој период ќе врши засилени контроли, со цел да нема манипулиции со договорената минимална цена.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците на сите земјоделски производи, со цел да има непречен извоз.

МЗШВ како и досега, продолжува да ја следи состојбата со коронавирусот и последиците врз земјоделскиот сектор, доколку има потреба ќе се наоѓаат решенија преку интервентни мерки а со цел да го заштитиме земјоделството.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици