МЗШВ: Вкупната финансиска поддршка за женско јагне е зголемена на 2.500 ден

02.04.2020 14:40:00


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Уредбата за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Со измените на оваа Уредба, се зголемува финансиската поддршка за сточарите одгледувачи на овци, за задржано женско јагне. Износот на поддршката за задржано женско јагне од 700 денари се зголемува на 1500 денари по грло. Вкалкулирано со основната мерка од 1.000 денари за обележани грла овци, со сегашното зголемување за подмерката за задржано женско јагне од 1.500 по денари по грло, одгледувачите на овци ќе добијат вкупна финансиска поддршка во висина од 2.500 денари за женско јагне

Владата ја донесе ваквата одлука поради новонастанатата состојба и проблемите со откуп на јагне, поради здравствено-економската криза предизвикана од глобалната пандемија од коронавирусот.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во следниот период ќе ја следи состојбата со откупот и извозот на јагне. МЗШВ е во постојaна комуникација со одгледувачите на овци и со откупувачите, и освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, се бараат и други алтернативни пазари за извоз на јагнето.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици