Известување на Фитосанитарната управа - орган во склоп на Министерството за земјодество шумарство и водостопанство

06.04.2020 14:00:00


Ве известуваме дека поради новонастанатата ситуација со Корона вирус – Ковид 19Фитосанитарната управа - орган во склоп на Миинистерството за земјодество шумарство и водостопанство, барањата заедно со придружната документација од правните и физички лица кои подлежат на упис во Регистарот на производители, преработувачи, увозници и дистрибутери на растенија растителни производи и други објекти и предмети*1 (Фито регистар) ќе ги прима електронски преку следниот e-mail: [email protected]

 

Услови за упис

 

Потребни документи при Прв упис:

 

- Решение од Централен регистар на РМ (копија);

- Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци (копија);

- Доказ за сопственост на земјиште (доколку пријавува производство):

     1. Имотен лист (копија) доколку земјиштето е во сопственост на подносителот на барањето или

     2. Договор за закуп на земјиште (склучен пред нотар)*2 со копија од имотен лист на кој е заведено земјиштето кое е предмет на договорот за закуп. 

- Доказ за сопственост на објект (доколку пријавувате увоз и дистрибуција):

     1. Имотен лист (копија) доколку објектот е во сопственост на подносителот на барањето или

     2. Договор за закуп на објект (склучен пред нотар) со копија од имотен лист на кој е заведен објектот кое е предмет на договорот за закуп. 

-  диплома за завршен земјоделски факултет за лицето одговорно за здравје на растенијата - растителна насока*3 (копија со оригинал нотарска заверка) и

-  М1/М2 образец (копија) за лицето одговорно за здравје на растенија - агроном (доколку дејноста за која аплицира вклучува семе или саден материјал) или Договор за давање на услуги од областа на здравје на растенија (образец во прилог).

 

Потребни документи при промена на упис:

 

- Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци (копија) и во зависност од промената:

- Доказ за поседување на земјиште (доколку промената се однесува на земјиштето)

- Документи за агроном - лицето одговорно за здравје на растенија (доколку го менувате агрономот)

 

 

 

*1 Согласно член 19 од Законот за здравјето на растенијата (Службен весник на Република Македонија бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14149/1539/16 и 83/18) внесувањето во регистарот е задолжително за

 

- производители, преработувачи и дистрибутери на растенија, растителни производи и други објекти и предмети од Листата V дел А (Службен весник на РМ 65/10);
- увозници на растенија, растителни производи и други објекти и предмети назначени во Листата V дел Б (Службен весник на РМ 65/10) и
правни лица кои вршат извоз на растенија, растителни производи и други објекти и предмети во Руската Федерација.

*2 Доколку се работи за договор за закуп на државно земјоделско земјиште доволно е да се достави копија од договорот. 

*3 Растителна насока - лозаро - овоштарство, заштита на растенија, поледелство, еко земјоделство, градинаро цвеќарство, општа како и сите други насоки кои во текот на студиската програма вклучуваат предметите фитопатологија и ентомологија.

Документи за превземање

Барање за упис во фито-регистар
Барање за промена на упис
Терк на договор
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици