Димковски: Од почетокот на годинава се исплатени 85 милиони евра за субвенции, наскоро исплата на субвенцијата од 400 денари за предадено јагне

28.04.2020 21:25:00


Од почетокот на годинава се исплатени 85 милиони евра за субвенции, со што се исплатени сите основни мерки, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во денешната дебатна емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

 

„Нема кратење на буџтот за субвенции и тие се исплаќаат редовно. Денеска околу 110 милиони денари се префрлени за сервисирање на заостанати обврски и прво што ќе се исплати ќе биде дополнителната субвенција од 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланични капацитети  како и за дополнителната мерка од 700 денари за оставено женско јагне во сточниот фонд“, додаде Димковски.

Тој нагласи дека поради намалениот извоз на јагне како последица од глобалната пандемија, вкупната финансиска поддршка за оставено женско јагне се зголеми на 2500 денари, што на некој начин значи субвенционирање на целата вредност на јагнето. 

Земјоделските производители и за новата сезона ќе имаат на располагање „Зелена нафта“ која овој пат ќе биде 50% поефтина од актуелната цена на нафтата. Ова ветување од страна на Владата беше дадено со воведувањето на мерката, а вечерва министерот Димковски во дебатна емисија „Топ тема“ на телевизија Телма, ја потврди оваа вест.

-Следниот месец ќе течат подготовките околу обезбедување на 50% поефтина нафта за земјоделската 2020 година. Се очекува прво да се заврши постапката со поделбата на „зелените картички“ на оние земјоделци кои поради долгови кон државата досега немаа картички, а потоа согласно плановите на Платежната агенција земјоделците ќе добијат субвенционирано гориво – изјави Димковски.

Мерката „Зелена нафта“ наиде на големо одобрување од страна на земјоделците бидејќи најголемите трошоци во производството им се токму за набавка на гориво. Нивно барање изминативе десетина години беше да имаат поефтина нафта, поддршка која од мината година ја воведе Владата на РСМ.

Во вечерашната емисија на телевизја Телма, министерот Димковски посочи дека со цел да им се помогне на производителите на зелка, Владата денеска донесе интервентна мерка за дополнителна субвенција од 3 денари за продадена зелка кај регистрирани откупувачи. 

Одговарајќи на прашања од земјоделците, Димковски потенцираше дека Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со Светска банка работи на голем проект за модернизација на земјоделство со кој ќе се изградат три откупни центри, два помали и една агрофуд-платформа која ќе биде лоцирана во Скопје и  која ќе ја опслужува не само нашата држава, туку и земјите во регионот.

„Постапката за изградба на откупни центри е во тек и дека веднаш откако во Собрание ќе се изгласа Законот за задолжување, ќе се започне со инвестиции во изградба на откупни центри во Скопје, Ресен и Струмица“, изјави Димковски.

 

На прашањето од земјоделците за новиот модел за заштита од временски непогоди, Димковски информираше дека од почетокот на следниот месец започнува активната заштита од град со авионско засејување на облаците со сребрен јодид, со што ќе се спречи земјоделците да претрпуваат загуби поради невреме. Управата за хидрометеролошки работи ги има завршено елаборатите, тендерот е завршен, а деновиве се очекува да биде потпишан договорот со избраниот најповолен понудувач и од почетокот на следниот месец овој проект да буде во функција.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици