Исплатени 88,6 милиони денари субвенции за задржано женско јагне и јаре

13.05.2020 10:46:00


Денеска се исплатија 88,6 милиони денари субвенции за задржано женско јагне и јаре на 4.945 сточари.

Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 3.179 сточари кои имаат задржано женско јагне денеска се исплатени над 78 милиони денари, а на 1.766 сточари  за задржано женско јаре исплатени се околу 10,5 милиони  денари.  Со оваа мерка директно се влијае на окрупнување на стадата како и на зголемување на производство на млеко.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците и на сточарите  средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта или ново рефинансирање на средствата за окрупнување или обнова на стадата.

Share