Димковски во Битола: Акумулацијата Стрежево порибена со 6.000 единки подмладок од пастрмка и крап

22.06.2020 15:00:00


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ беа во посета на хидросистемот Стрежево, кадешто беше извршено порибување на водите на акумулацијата со подмладок од крап и пастрмка.

„Јавното претпријатие со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки  кои денеска ги пуштивме во водите на оваа акумулација. Ние како ресорно министерство, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територија на целата држава. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и грижа за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот, по примерот на државите од европското семејство, што е и наша цел“, изјави министерот Димковски.

Хидросистемот Стрежево е повеќенаменски водостопански систем со кој се наводнуваат околу 5.000 хектари обработливо земјоделско земјиште, но истовремено со овој хидросистем се снабдува со сирова вода системот за водоснабдување на градот Битола и околните населби и се произведува електрична енергија од четири мали хидроцентрали. Акумулацијата Стрежево како дел од овој хидросистем, претставува рекреативна зона каде во убавата природа уживаат жителите на околните места, но и спортските риболовци.

Концесијата за управување со водите на ова езеро од минатата година е во надлежност на ЈП Стрежево и тие во досегашниов период ја оправдаа довербата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд,  управување и стопанисување со акумулацијата Стрежево во цело

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици