Успешно заврши поднесувањето на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година

04.08.2020 11:00:00


 Успешно заврши поднесувањето на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година. До петок, (31- ви јули 2020), до кога беше и последниот ден за пријавување на земјоделците, барање за добивање на финансиска поддршка во земјоделството поднеле 65.554 земјоделци. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и оваа година успешно го реализираа процесот за поднесување на барањата. Во следниот период следува обработка на приститгатите барања за субвенции и исплата на субвенции според предвидените рокови во Програмата за директни плаќања за 2020 година.

Аплицирањето за субвенциите се одвиваше електронски. Но, дел од земјоделци кои не можеа сами да аплицираат и оваа година како и минатите тоа го сторија со помош од вработените во Подрачните единици на МЗШВ.

Во овој период се поднесуваа барања за субвенции за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, за сточарско производство, односно оние земјоделци кои одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи, за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

Share