Средба на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Arjanit Hoxha со Амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија Н.Е. Fatos Reka

07.09.2020 12:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа оствари прва средба со Амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија Н.Е. Фатос Река, на која беше истакната успешната соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството и обостраниот интерес за понатамошно унапредување на истата.

 

Министерот Хоџа истакна дека потпишувањето на усогласената Спогодба за фитосанитарна политика меѓу двете министерства, е многу важен чекор за олеснување на трговијата со земјоделско-прехранбени производи со почитување на законските одредби и фитосанитарните процедури на двете земји. Министерот предложи да се реализира билатерална средбасо неговиот албански колега во блиска иднина, во рамки на која ќе биде потпишана споменатата Спогодба.

На средбата беше разговарано за можноста за заеднички настап на македонските и албански компании од земјоделскиот сектор на европскиот пазар, а беше дадена поддршка за нови иницијативи и заеднички проекти во процесот на прилагодување кон ЕУ.

Амбасадорот Река потенцираше дека Албанија во последните години посветува големо внимание на агротуризмот, како нова гранка за која постои голем интерес и кое може да биде пренсено и во нашата земја.

На крајот од средбата министерот Арјанит Хоџа истакна дека неговиот кабинет е отворен за соработка и развивање на нови заеднички идеи и проекти за продлабочување на билатералната соработка во земјоделство меѓу нашите соседни земји.

Share