Жетвата заврши, пченицата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм

05.08.2018 17:08:00


Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78,000 хектари. Годинава на заесаните површини  просечениот принос е околу  3,500 килограми по хектар. Според податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, лебното зрно од овогодинешната реколата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм, во зависност од квалитетот на пченица.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата. А уште пред почетокот на жетвата и пред почетокот на  откупот, министерот Љупчо Николовски  оддржа низа состаноци со земјоделците, производители на пченица, и со мелничарите откупувачи, и врз основа на анализите од МЗШВ, воведовме и сет на мерки за полједелското производство, кои се од интерес на сите засегнати страни. Министерството ги предложи, а Владата на една од минатите седници го усвои сетот на мерки. Целта е да обезбедиме одржливо и конкурентно производство на полјоделските култури, особено на пченицата како најзначајна. Со вкупно 4 милиони евра ќе се помага овој сектор и тоа преку следните мерки:

Прво, се зголеми минимумот на пријавени површини за добивање на 100 отсто програмирана субвенција за полједелските култури, вклучително и за пченицата. Со оваа измена се опфатени земјоделците со средна големина. Односно, ако досега 100 осто субвениција добивале оние кои пријавиле од 0,3 до 10 хектари, сега со измените 100 отсто субвениција ќе добијат сите кои имаат од 0,3 до 20 хектари пријавена површина.

Втората измена е за фирмите кои имаат поголеми површини со полјоделски култури вклучително и пченица. За нив, висината на субвенциите за пријавените површини од над 100 хектари, се дуплира. Односно ако досега земале 1.200 денари по хектар, сега за истата површина ќе добијат 2.400 денари субвенција по хектар. Овие измени важат за сите полјоделски култури. На овој начин ќе ги мотивираме поголемите компании  кои се носители на вкупното производство на полјоделски култури.

Третата мерка има за цел  да се заштити домашното производство, и од оваа жетва да се откупи што повеќе домашна македонска пченица, за оваа година воведовме нова мерка. Поточно, секој откупувач на пченица запишан во регистрарот на откупувачи кој што ќе откупи домашна пченица од реколатата 2018, најдоцна до 15 септември годинава, и за истата исплатата ќе ја изврши најдоцна до 15 декември 2018 година, ќе добие субвенција од 1 денар за килограм откупена пченица. Очекуваме, оваа мерка да го поттикне договорното производство и да ја подобри конкурентноста на домашната мелничка индустрија.

До 15- ти август е и рокот за доставување на барање за понуди за Јавна набавка на меркантилна пченица за потребите на Агенцијата за стоковни резерви. На јавниот оглас за прв пат се дозволени и помали лотови, со цел и земјоделците да можат директно да продадат пченица за Стоковни резерви. Има 10 лота од по 100 тони и 3 лота по 4.000 тони пченица. На овој начин  ќе се придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена.

Очекуваме сите овие мерки да дадат дополнителен стимул во овој сектор, како и да обезбедиме одржливо и конкурентно производство на полјоделските култури, особено на пченицата како најзначајна.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици