Средба на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа со амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук

18.09.2020 12:00:00


На денешната средба на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа со амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук, беше потврдена обостраната желба и интерес на двете пријателски земји да ја продлабочат соработката во сферата на земјоделството, особено во делот на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи.
Украинскиот пазар е многу значаен за нас, бидејќи има голем потенцијал и можности, кој не се доволно искористени. Зголемен пласман на земјоделско - прехранбени производи на пазарите во двете земји, ќе биде еден од приоритетите во иднина. 

Share