Работен состанок со бизнисмени од приватниот сектор и истовремено со членови на Стопанската комора на Северна Македонија

22.09.2020 15:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, денеска одржа работен состанок со бизнисмени од приватниот сектор и истовремено со членови на Стопанската комора на Северна Македонија.
За време на состанокот се дискутираше за актуелната состојба, проблемите и различните предизвици со кои се соочува бизнисот во Република Северна Македонија.
Главна тема на состанокот беше ситуацијата создадена од панемијата КОВИД 19, соодветно проблемите со кои се соочуваат бизнисите како резултат на ситуацијата.
Министерот Хоџа ја изрази својата заложба за соработка помеѓу МЗШВ и деловниот сектор, потенцирајќи дека е максимално посветен да биде во согласност со барањата за решавање проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат не само деловните субјекти, туку и другите секторите на економијата, кои вклучуваат активности опфатени со одделот што тој го води.

Share