Прв работен состанок на министерот Арјанит Хоџа со Никола Бертолини - Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европска Унија

15.10.2020 15:30:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска одржа прв работен состанок со претставници на Делегацијата на Европската Унија.

Фокусот на овој значаен работен состанок беше прогресот на тековните ИПА проекти и идните проекти кои допрва треба да започнат во рамките на МЗШВ.

 Ова е прв работен состанок на министерот Хоџа, но оваа пракса ќе продолжи и во иднина на месечно ниво со цел активно следење, навремено реагирање и информирање на двете страни во врска со прогресот на проектите..

Министерот Арјанит Хоџа ја истакна неговата лична заложба за подобрување на земјоделството и руралниот развој како врвен приоритет со основна цел за поконкурентно земјоделство.

На овој состанок беше споменато дека во тек е подготовка на  Национална стратегија за периодот од 2021 до 2027 година.

Раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европска Унија, Никола Бертолини истакна дека, искуствата и препораките од досегашните проекти многу ќе помогнат при изработката  на патоказите и акциските планови кои водат кон усогласувањето на Националната со заедничката земјоделска  политика на ЕУ.

Share