До крајот на неделава Државниот инспекторат за земјоделство ќе излезе со податоци за откупот на пченица од годинешната жетва

07.08.2018 14:00:00


Откупната цена на пченицата зависи од квалитетот, а пченицата која што се откупува од 7 до 8,5 денари за килограм е наменета за сточна храна, потенцираше на денешната прес конференција Шефот на Кабинет во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
Воедно Димковски, посочи дека во моментов откупната цена на пченицата со висок квалитет се движи од 9 до 10,5 денари за килограм.

Голем дел од пченицата што е откупена е извезена како сточно брашно. До крајот на оваа недела Државниот инспекторат за земјоделство чии претставници од понеделникот се на терен, ќе излезе со точни податоци колкава количина на пченица е досега откупена.

Димковски потенцираше дека МЗШВ работи отворено и транспарентно со сите засегнати страни. Уште пред почетокот на жетвата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одржа повеќе состаноци со земјоделците и со мелничарите, со цел да се слушнат предлозите на сите засегнати страни и да се овозможи непречен откуп. Политиките и мерките што ги презема Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, се во насока на зголемување на производството и создавање на квалитетен и конкурентен производ, посочи Дикмковски, додавајќи дека во моментов на квалитетно зрно, отпаѓаат нешто под десет отсто од вкупниот годинашен принос.

Во таа насока МЗШВ, пред почетокот на жетвата и откупот, предложи а Владата усвои сет на мерки, за обезбедување на одржливо и конкурентно производство на полјоделските култури, особено на пченицата како најзначајна. Со мерките, вкупно 4 милиони евра ќе се вбризгаат во овој сектор. Прво, се зголеми минимумот на пријавени површини за добивање на 100 отсто програмирана субвенција за полједелските култури, вклучително и за пченицата, односно, ако досега 100 осто субвениција добивале оние кои пријавиле од 0,3 до 10 хектари, сега со измените 100 отсто субвениција ќе добијат сите кои имаат од 0,3 до 20 хектари пријавена површина. Втората измена е за фирмите кои имаат поголеми површини со полјоделски култури вклучително и пченица.

За нив, висината на субвенциите за пријавените површини од над 100 хектари, се дуплира. Целта на третата мерка е да се заштити домашното производство и да се откупи што повеќе домашна пченица од годинешната жетва. Конкретно, секој откупувач на пченица запишан во регистрарот на откупувачи кој што ќе откупи домашна пченица од реколатата 2018, најдоцна до 15 септември годинава, и за истата исплатата ќе ја изврши најдоцна до 15 декември 2018 година, ќе добие субвенција од 1 денар за килограм откупена пченица. Исто така, следната недела завршува јавниот оглас за набавка на 13.000 тони домашна пченица за потребите на Агенцијата за стокови резерви. На јавниот оглас за прв пат се дозволени и помали лотови, со цел и земјоделците да можат да директно да продадат пченица на Стокови резерви. Има 10 лота од по 100 тони и 3 лота по 4.000 тони пченица. На овој начин ќе се придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена.

Целиот овој сет на мерки ќе даде дополнителен стимул во овој сектор, и ќе обезбеди одржливо и конкурентно производство на полјоделските култури, особено на пченицата.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици