Република Словенија е исклучително важен партнер на нашата земја која има обезбедено значајна поддршка за апроксимација на законодавството со ЕУ, во областа на земјоделството и руралниот развој и за јакнење на административниот капацитет на МЗШВ, Платежната агенција, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и локалните власти.
На средбата со амбасадорот дискутиравме за приоритетните области за поддршка што ќе бидат дел од новиот Акциски план 2021 – 2024 година, во чии рамки Словенија ќе обезбеди билатерална помош на нашата земја, во земјоделството со посебен акцент на руралниот развој каде Словенија има големо искуство и знаење. Диверзификација на руралните активности, агротуризам, поддршка за младите земјоделци, програмирање на мерки во програмата за рурален развој, спорведување на ИПАРД мерките, поддршка на локалните акциски групи и ЛИДЕР пристапот, се само дел од активностите за кои се разговараше на средбата.
Република Северна Македонија останува приоритетна земја за Словенија за билатерална развојна помош, а ова е особено важно од аспект на пртстојното претседавање на Словенија со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година.