Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Arjanit Hoxha и министерот за животна средина и просторно планирање, Naser Nuredini остварија средба со претставници на турската агенција за земјоделско осигурување ТАРСИМ

21.01.2021 12:30:00


Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство и потребен е организиран пристап за прилагодување, но и кон заштитата на земјоделските производи преку осигурување на истите. Во таа насока министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г- дин Arjanit Hoxha придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Naser Nuredini одржаа состанок со г-ѓа Serpil Gunal, генерален менаџер на TARSIM, претставникот на Министерство за земјоделство и шумарство на Република Турција г- дин Bekir Engurulu и останати членови на бордот на директори на TARSIM агенцијата за земјоделство осигурување во Република Турција. На средбата беше презентиран начинот на функционирање TARSIM и беше договорена соработка за техничка помош со која ќе се воспостави земјоделски осигурителен систем во Република Северна  Македонија. Воедно беше договорено  да се формираат работни групи со претставници од двете страни со цел да се започне процес на воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата држава. Овој систем ќе понуди долгорочно решение за проблемите што произлегуваат од природни непогоди и климатски промени кои се појаваат во земјоделскиот сектор, но и унапредување на осигурителниот сектор во делот земјоделство во Република Северна Македонија.

 

Share