Средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со министерот за земјоделство на Република Турција, Бекир Пакдемирли

26.02.2021 19:18:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа оствари средба со турскиот министер за земјоделство, Бекир Пакдемирли.

“Република Северна Македонија од своето осамостојување добива континуирана поддршка од Република Турција во сите сектори за која сум и многу благодарен и сум сигурен дека во наредниот период ќе се продлабочува поддршката и соработката ќе се зголемува. Ова зголемување на соработката сакам да го потврдам со потпишувањето на Меморандумите за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција и тоа во областа на водите, соработка во областа на шумарството и Договорот за соработка во областа на безбедност на храна и ветеринарна политика кои беа потпишани во текот на месец јануари 2021 година.“-Изјави министерот Хоџа

Министерите разговараат на повеќе теми меѓу кои и за соработка со Република Турција околу двете стратешки култури на нашата земја, оризот и тутунот.

“Во рамките на посетата на балканските земји која ја реализиравме, денеска сме во нашата братска и пријателска земја Северна Македонија, чест ми е што имам можност да се сретнам со мојот колега министерот Хоџа.

Би сакал во оваа прилика да повторам уште еднаш дека Република Турција на секој можен начин ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија, вашата мака е и наша мака, денес сум овде и воедно како ваш брат чие семејство е по потекло од Велес. Република Турција е трета земја во Европа и меѓу првите десет во Светот, според  уделот на земјоделското производство во бруто домашниот производ. Ние сме спремни да ги споделиме нашите искуства со сите земји во Светот, особено со Република Северна Македонија.“-Изјави министерот Пакдемирли

Пријателствата меѓу народите се создаваат со градење на заеднички патеки на меѓудржавна интеракција. Со оваа средба уште еднаш ја покажавме нашата решеност за континуитет во градењето и натамошното унапредување на економските односи со пријателска Република Турција.

Share